September 27, 2021, 11:03 am

Либан ce пoдгoтвyвa дa ja oдбeлeжи пpвaтa гoдишнинa oд ekcплoзиjaтa вo Бejpyт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Либан на 4 август ќе ја одбележи првата годишнина од катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут како национален ден на жалост.

Околу 2.750 тони амониум нитрат експлодираа во магацин во пристаништето Бејрут, при што загинаа најмалку 190 луѓе, а повредени беа околу 6.000 лица.

Експлозиите што следеа уништија голем дел од пристаништето и околните населби и 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Либанските сеизмолози соопштија дека експлозијата била еквивалентна на земјотрес со јачина од 4,3 степени.

На денот на комеморацијата на трагедијата на 4 август, сите јавни институции и општини ќе бидат затворени, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а радио и телевизиските станици ќе ги приспособат своите програми за да ја одбележат трагедијата и да изразат солидарност со семејствата на загинатите и повредените.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

(Фото) Зaбopaвeтe вeќe нa лeтните дeнови и високите тeмпepатури – oд вечерва голем пpecвpт на вpeмeто

Денеска во текот на ноќта ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен...

More Articles Like This