ЛИБЕРАЛ-КОМУЊАРСКА ХАЈКА ПРОТИВ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ: Кога соросоидите се закнауваат и повикуваат на атентат нема проблем, а?

  • June 23, 2017

„Да ви ги снема децата, фамилијата, да ве снема, ѓубриња дегенерирани вмровски!“, „Полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на Големиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните живот ви наредна прилика“… Ова за медиумите под контрола на СДСМ не е ширење говор на омраза, истите оние медиуми кои сега со говор на омраза известуваат дека ЗНМ поднеле кривична пријава против Тони Михајловски.

Секојдневите закани и повикувања на убиство од новинарот Бранко Тричковски, како на политичари така и на новинари за ЗНМ досега не претставуваше говор на омраза. Бранко Тричковски е познат по тоа што има повикувано на убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил тој неколку пати имаше напишано дека македонските полицајци заслужуваат смрт.

Јавноста памети кога после смртта на македонските херои во Диво Насење, Тричковски им порача смрт на безбедносните сили кои се бореа против терористите

-Полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на Големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика“, пишуваше тогаш на Фејсбук Тричковски.

Не беше ова единствен случај каде Тричковски јавно бараше смрт на полицајци. Пред скоро една година колумнистот на СДСМ, во статус на Фејсбук го раскажуваше неговото сценарио во кое полицајците кои го бранеле штабот на ВМРО-ДПМНЕ, требало да бидат убиени и на куп фрлени пред „Палома Бјанка“.

Тричковски покрај тоа што повикуваше на убиство на безбедносните сили, кои се бореа против терористите, оние кои беа на своите работни места, каде ги извршуваа обврскит кои работното место им ги пропишува. Тој се запраша дали е можно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски да биде убиен. За ЗНМ и медиумите под контрола на СДСМ ниту ова не беше говор на омраза.

Васко Ефтов поради цензурирање на неговата емисија реши да ја тргне својата емисија „Во Центар“ од телевизија Канал 5, шанса која повторно ја искористи Тричковски, да ја покаже својата омраза кон се што не е контролирано од страна на СДСМ. Во овој случај тој се закани со смрт кон новинарот Васко Ефтов.

-Васко не се секирај, има во Македонија добри луѓе што ќе те бутнат во некој друг канал, напиша Бранко Тричковски на Фејсбук, како и другите случаји и овој помина без никаква осуда од медиумите контролирани од СДСМ.

Вчерашната насловна страна на весникот „Слободен печат“ каде главен уредник е Бранко Героски, еден од главните медиумски стратези на СДСМ, во наднасловот напиша „Конечно во Македонија говорот на омраза ќе се казнува“, за да напишат елементи кои содржат говор на омраза во самиот наслов: „Премиерно ќе го јаде Тони Михајловски“. Наслов кој може да се сфати како закана кон актерот Михајловски.

Случаите на Тричковски и овој на „Слободен печат“ не се единствени во низата каде што новинари и луѓе блиски до СДСМ, преку медиумите или преку социјалните мрежи шират говор на омраза кон секој кој не мисли како нивната партија.

Саше Ивановски-Политико, инаку познат по своето скандалозно однесување, кога авионот на претседателот Ѓорге Иванов беше во дефект, во наслов на својот портал напиша „ЗА МАЛЦЕ ЌЕ СЕ СПАСЕВМЕ: Откажал авионот на Хорхе, ама пред да полета….“, медиумите на СДСМ и ЗНМ и за овој слуај останаа глуви и не го осудија однесувањето на Саше Ивановски.

https://www.youtube.com/watch?v=bH8Ix_F7ZB8

Не е Ивановски единствен кој изјави надеж или повикуваше на смрт на претседателот Иванов, Бранко Тричковски, еден ден пред дефектот на авионот на претседателот, повика на соборување на авионот, минирање на аеродромската писта…

https://www.youtube.com/watch?v=EGz0p45bCjo

Уште еден од новинарите јавни поддржувачи на СДСМ познат по скандалозното однесување е Никола Гелевски, тој во дебата со Александар Пандов, поради немање факти упати сериозни навреди кон Александар Пандов, што исто така остана без реакција од медиумите на СДСМ и ЗНМ.

-Немој бе барабо една, битанго една, какво зимање пари, барабо една, беа зборовите со кои Гелевски му се обрати на Пандов.

https://www.youtube.com/watch?v=EGz0p45bCjo

Не се само новинарите оние шират говор на омраза, а се блиски до СДСМ, или пак се и високи партиски функционери.

Стево Пендаровски, кој на последните парламентрани избори беше носител во првата изборна единица, на претседателски избори во 2013 година, кога изгуби на изборите од Ѓорге Иванов, гласачите кои му ја дале довербата на Иванов, а не гласале за него ги нарече стока, од медиумите блиски до СДСМ немаше осуда.

Мирослав Грчев поранешен градоначалник на општина Центар од СДСМ и еден нејзините најсилни активисти денеска, кој исто така важи за еден од главните за развивањето на урбаната мафија во Скопје, кажа дека е за говор на омраза и против политичка коректнос

-Политички коректниот говор и со осудата на говорот на омразата, практично ние ја нормализираме диктатурата, ја шминкаме, ја правиме нормална, пристојна за живеење. Јас сум за говор на омраза и сум против политичка коректност, рече Грчев во „Топ тема“ на Телма.

Инаку пред некој ден истиот тој Мирослав Грчев повика и дезинфекција на смртниот ген на ВМРО-ДПМНЕ, што исто така од никој медиумите под контрола на СДСМ не беше осудено.

-Морало да има дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ”, порачува Грчев.

Претходно «
Следно »