ЛИВЕРПУЛ ЗГАЗИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА: Петти англиски клуб со серија од 40 натпревари без пораз

  • January 24, 2020
  • Коментари

„Црвените“ со победата над Вулверхемптон од 2:1 дојдоа до бројката од 40 натпревари без пораз во Премиер лигата.

Ливерпул во последните 40 натпревари во Премиер лигата запиша 35 победи и само пет нерешени исходи и стана петтиот англиски тим кој е во серија од најмалку 40 натпревари без пораз.

Првиот тим со ваква серија е Нотингем Форест кој во сезоната 1977078 имаше серија од 42 натпревари без пораз. Челси во сезоната 2004-05 имаше 40 натпревари без пораз, додека Хадерсфилд таун во 2010-11 врза 43 натпревари во кои не ја почувствува горчината на поразот.

Рекордер во Англија е екипата на Арсенал, кој имаше неверојатна 2003-04 сезона кога ја освои титулата без ниту еден пораз, а неговата серија изнесува дури 49 натревари во кои освојуваат бодови.

Ливерпул во наредниот натпревар, идната среда му гостува на Вест Хем, а во досегашните 23 натпревари остарија неверојатни 22 победи и само едно реми.

Претходно «
Следно »