СИТЕ ВЕТУВАЊА СЕ ИСПОЛНУВААТ: Експресно асфалтиран патот Струга-Радожда и Бучин-Вашарејци!

  • August 17, 2016

Исполнето ветувањето за асфалтирање на патните правци Струга-Радожда и Бучин-Вашарејциgruevski-misajlovski-radozda infomaks

На 24 минатиот месец претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во посета на Радожда посочи дека ќе бидат комплетирани последните 700 метри од патниот правец Радожда, Ливадишта Елен Камен.

-Од влезот на Струга кај кружниот тек, па се до Калишта и тој е лош пат и тој се договориме да го правиме. До крајот на годината да го завршиме, ќе биде и порано, истакна министерот за транспорт Владо Мисајловски.

Во моментот завршен и афалтиран е пред ветениот рок потегот на делницата Ливадишта – Елен Камен и се работи на асфалтирање на преостанатите 3 км на  делницата Струга – Калишта.

За 2016 година преку пограмата за одржување и заштита на државните патишта предвидени се 18 милиони денари .

Исполнето ветувањето за изградба на патот за село Вашарејци кое Груевски им го вети на граѓаните при последната осета на селото Бучин во месец јули.


Со средства од подршка со Светска Банка рехабилитирани се: регионалниот пат Р2335 делница, Бучин – Вашерејци во должина од 13км и регионалниот пат Р2339 делница, Обршани – Боротино во должина од 3км. Вкупната должина на рехабилитираните патни правци изнесува 16км. Вкупната инвестициона вредност на патните правци изнесува 48 милиони денари.

Претходно «
Следно »