Лила: Господ нека му е на помош на тој што ќе го изберам по трет пат

  • January 29, 2019

Приватно е истата како пред објективите и камерите, ама со многу помалку шминка. Омилена гардероба за по дома и се пижамите , ужива да одмара на нејзиниот психијатарски лежај во дневната соба во која мора да има вазна со букет цвеќе и голема шоља кафе. Ако не чита тогаш гледа тв. Вака Лила Филиповска за 24 инфо се опишува себе си. Важи за една од најпознатите јавни фаци во земјава која опстојува долги години на македонските екрани. На наше прашање во што е тајнатавели дека тајна не постои.

Јас сум само доказ дека ако нешто работиш искрено и со срце луѓето го препознаваат и наградата е очигледна. Јас не станав популарна преку ноќ, јас не сум некоја инстант ѕвезда која брзо ќе блесне а уште побрзо ќе згасне. Во мојата кариера се одеше чекор по чекор, полека без брзање, знаев точно каде ми е местото и знаев колкав ми е капацитетот во даден момент. Не правев ништо на сила , ниту ради реда …работев, вложував , се надградував и резултатот е скоро 25 год телевизиско присуство. Првите 3 год во МТВ а сите останати во Сител !

– Како ја одржувате линијата и во што е тајната на вашата убавина?

И овде нема да споделам тајна туку повеќе би рекла искуство во вид на совест. Тајната ако така може да се каже е во умереноста. Можеш да јадеш скоро сѐ ама да е умерено. Никогаш не сум била поборник на строги диети затоа што не е тешка диетата туку психата. Тоа е период кога најмногу ти се јаде она што ти е забрането. Затоа најдобро е да се јаде умерено, обожавам македонско мени на чорби и готвени јадења ама со многу салата, избегнувајќи го лебот и газираните пијалоци. Алкохол скоро и да не пијам ама единствен порок од кој не се откажувам ми е чоколадото, нормално по малку. Но сепак сето ова не би функционирало доколку немам редовни фитнес тренинзи 3-4 пати во неделата минимум. Вежбам со Бане и Пипе од Кан Џим и затоа резултатот е максимален. И да не заборавам…и добриот сон има голема улога !!! И на сето ова би ги додала и моите омилени третмани и масажи во омилениот салон Анфи…!

– Гледачите на малите екрани секој ден ве гледаат во Се или нешто.Уште колку сезони можеме да очекуваме?

Се додека рејтинзите покажуваат рекордна гледаност до тогаш ќе постои и квизот. Ние само ги следиме желбите на нашите гледачи. Кога почнавме пред 8 години никој ама буквално никој не можеше да претпостави дека толку долго ќе траеме. Ама очигледно го пронајдовме вистинскиот рецепт за нашите гледачи и затоа ќе траеме дури тие тоа го бараат !!!

– Не сте против пластична хирургија. Што има корегирано на себе Лила до сега и има ли нешто што ќе се корегира во иднина?

Моето правило е: ако постои нешто на вашето тело што ве прави нестеќни и ве фрустрира а имате можност да го корегирате тогаш направете го тоа. Не сум поборник на екстреми и пренагласување на работите ама секој нека изгледа како што сака и кско му е убаво. Јас имам корекција на градите и филери на лицето. Во блиска иднина неѓам планови дури и не размислувам но ако сметсм дека нешто сакам да поправам ќе го направам тоа !

– Пред неколку години влеговте и во музичките води. Планира ли Лила кам-бек или останува таму каде што е најдобра?

Со мене никогаш не се знае. Јас сум човек од момент така што…:-) иако ѓоето правило е дека секој треба дс го работа она во што е најдобар. Само така можеш да си успешен !!!

– После два брака зад себе, каков е ставот по тоа прашање?

Немам став… се зависи како ќе се чувствувсм. На моменти не сакам да чујам, па на моменти идеата за трет брак ми се допаѓа и така во круг. Не знам што да кажам. Само господ нека му е напомош на тој што ќе го изберам …хахаха

– Вљубена ли е Лила во моментов?

Не…ама имам симпатија ❤️

– Нови проекти на повидок?

Моите социјални платформи особено инстаграмот е мојот нов проект во кој многу вложувам и кој ми одзема глем дел од моето вррме, но многу сум среќна што успеав да ги поставам стандардите за работа и добро да заработувам. И да имам голем број на следсчи и подржувачи кои искрено и од срце им се заблагодарувсм и ги поздравувам!!!

– Брендирана гардероба по секоја цена или може да ве видиме и во нешто кое нема потпис на некоја позната модна куќа?

Имам јас многу брендирани парчиња ама далеку од тоа дека се ми е брендирано. Јас си правам сама модни комбинсции во кои комбинирам не така скапи парчиња со некои брендови. Преферирам брендирсни ташни , чевли и очила, другото не мора да е. Поентата е да знаеш да го носиш тоа што си го облекол а не да те носи тоа тебе. А најубаво е кога тоа што го носиш не е скапо ама на тебе да изглеа луксузно. Затоа велам многу е битно тоа што го носиш да знаеш да го износиш. Имам голема среќа што имам и одлични соработници во облекувањето како модниот бренд Елена Лука и луксузниот накит на Адор Голд!

– Мајка сте на голем син. Што прави тој во моментов и како би реагирале ако наскоро станете свекрва или баба?

Филип дипломираше меѓународен маркетинг и менаџмент. Моментално е проект менаџер во P World . Има 24 год и сам си донесува одлуки, така што ако му се брза јас нема да се мешам и со задоволство би ја прифатила секоја улога што ќе ми биде доделена. Само нека е тој жив и здрав се друго е лесно !!!

– Се почесто вашите колешки над 40 година во светот се сликаат без долна облека. Би го направиле ли тоа?

Па сликањето без долна облека одамна не е привилегија на одредена возрасна група. За ништо веќе не постои старосна граница. Битно е како се чувдтвуваш и дали нешто одговара на твојот сензибилитет. Секогаш велам ако имаш што да покажеш покажи го без разлика на годините. Јас неодамна станав заштитно лице на брендот за долна облека Сара Фешн. Токму тоа беше поентата. Па долен веш не носст ссмо млади девојки и манекенки. Секоја жена заслужува да се чувтвува женствено и убаво без разлика на годините.

– Омилено модно парче?

Имам неколку… ама ќе одбојам три …една црна Gucci ташна, YSL салонки и големи црни очила за сонце на Tom Ford

– Хоби и неисполнети желби за годинава?

Моето хоби ако може така дс се каже се патувањата, а за оваа година имам зацртано една дестинација која се надевам ќе ја посетам во најскоро време !!!

Претходно «
Следно »