ЛИСТА НА СОМНИТЕЛНИ КОМПАНИИ: Знае ли воопшто Фејсбук, кој се имал пристап до информациите на корисниците?!

  • April 7, 2018

Компанијата „Фејсбук“ соопшти денес дека ја прекинала соработката со канадската фирма за консултантски услуги во политиката „Егритејт И-Кју“ откако е објавено дека е возможно оваа фирма на недостоен начин да имала пристап до личните податоци на корисниците на Фејсбук


Фејсбук се наоѓа под голем притисок откако е откриено дека податоци на милиони корисници завршиле во рацете на консултатнската фирма „Кембриџ аналитика“, а Кристофер Вајли, човекот кој го пријави скандалот Кристофер Вејли, бивш вработен во Кејмбриџ Аналитика, тврди дека компанијата соработувала со „Егригејт И-Кју“.

„Во светло на неодамнешните настани дека е возможно ‘Егригејт И-Кју“ да е поврзан со СЦЛ и дека е возможно како резултат на тоа, на непристоен начин да добивал податоци од корисниците на Фејсбук, ги додадовме на листата на ентитети со кои ја прекинавме соработката додека трае нашата истрага“, се наведува во соопштението на Фејсбук.

СЦЛ е кратенка од името на фирмата „Лабараторија за стратешки комуникации“, која има договор со војската и владата, а сопственик е „Кејмбриџ Аналитика“, објаснува Ројтерс.

Претходно «
Следно »