ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЃОНОТ: Со само четири министерки и пет градоначалнички, Заев повика да се „направи место за жената во општеството“

  • March 4, 2018
  • Коментари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска присуствуваше на Маршот во чест на 8 март, што традиционално го организира Форумот на жени на СДСМ. Тој посочи дека Македонија успешно се гради во едно општество за сите, во кое што жените имаат и мора да имаат значајна улога.

„Кога во нешто силно се верува, тоа се остварува. Создадовме едно цело, сите, и жени и мажи, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, други – едно општество за сите. Општество на кое му се потребни различностите, затоа што такво е успешно, така може да се надминува и развива себеси.Жените се неопходни во сите процеси што ги отворивме во општеството, и како наставнички и како негувателки и професорки, и како лекарки и како медицински сестри, и како работнички и како бизнисменки, и како земјоделки, и како судијки, и како новинарки, и како градоначалнички, и како министерки, и како домаќинки, и како ангажирани во јавниот и општествен живот, затоа што основната клетка на едно општество е семејството“ рече во обраќањето претседателот Заев кој има „дури“ 4 министерки меѓу 23 министерски места колку што има во неговиот владин состав. Исто така низ 80-те општини, каде најголем дел се градоначалници од СДСМ, има само 6 градоначалнички, од кои не се сите од редовите на СДСМ.

Но и покрај тоа, Заев повика на заедништво и на надминувањето на предрасудите околу статусот и улогата на жената во општеството.

–И затоа не треба да бегаме од тоа дека системските пропусти низ годините и предрасудите оставија многу жени без општествен ангажман, или во потчинета улога во семејството. Но, ако сме заедно, и жени и мажи, и ако успеавме да се избориме за демократски промени, заедно, убеден сум дека ќе се избориме – и за правичното и праведно место на жената во општеството, она кое таа ќе го избере, дома или во јавниот живот. И дека ќе успееме да се справиме со предрасудите за улогата на жената, со коишто се уште се соочува и светот, а реков, си знаеме дека постојат и во нашата држава“, додаде претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев, во чест на 8. Март – Меѓународниот ден на жената, побара директна поддршка од граѓаните институциите за правата на жените во Република Македонија.

„Ете затоа сум овде, еден од предводниците на овој Марш на жените во чест на 8-ми март, денот на борбата за родова рамноправност, како претседател на Социјалдемократски сојуз, но и како премиер на сите граѓани на Република Македонија. Давам поддршка, охрабрувам, поттикнувам, барам: Направете место за жената во општеството! Како поединци, како државни институции, како општини: активирајте се и покренете ги сите потребни процеси: одлуки, промени на закони, придонес кон трансформацијата на јавната свест. Жените мора да ги добијат правата што им следуваат по Устав и закон и согласно демократските европски и светски стандарди. Унапредувањето на правата на жените е еден од тие чекори. За општо добро, во нашата држава и во нашите семејства, за убава иднина на сегашните и идните генерации, за нашите ќерки, мајки, сопруги, другарки, за сите нас како луѓе“, порача претседателот Заев.

Извор
Република

Претходно «
Следно »