Лозарите аплицираат за добивање еден денар по килограм предадено грозје во регистрирани винарски визби

  • November 9, 2018

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес неделава почна аплицирањето на лозарите од велешкиот поширок регион за добивање субвенција, 1 денар по килограм за предадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“, исклучиво во регистрирани Винарски визби.

Велес, 9 ноември 2018 (МИА) – Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес неделава почна аплицирањето на лозарите од велешкиот поширок регион за добивање субвенција, 1 денар по килограм за предадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“, исклучиво во регистрирани Винарски визби.

Како што информира за МИА Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес, кај нив веќе има пријавени заинтересирани лозари за оваа субвенција на Владата.

-Тие заедно со апликацијата која ја добиваат од кај нас, треба да достават и белешка од Винарската визба како потврда за предадените количества грозје, појаснува Наковски.

Пријавувањето за лозарите за оваа субвенција ќе трае до 25 декември, по кој рок лозарите што ги исполнуваат критериумите, ќе ја добијат и предвидената субвенција, појаснуваат од Подрачната единица на МЗШВ. ад/сст/

Претходно «
Следно »