ЛОШО НИ СЕ ПИШУВА: Британски експерт на ЕУ и предлага прекројување на границите на Балканот, и приклучување на западна Македонија кон Албанија

  • December 3, 2018

Една од опциитеза решавање на територијалните спорови во регионот е организирање на нова мировна конференција со учество на сите актери, на која би се разгледувало прашањето за нови граници, оценува Тимоти Лес

Замрзнување на судирот на Косово не е возможно бидејќи Албаниците тоа нема да го прифатат, за Србија – Косово е изгубено и затоа таа треба да се обиде од преговорите да извлече максимум од постоечката тешка ситуација, смета британскиот експерт и бивш дипломат Тимоти Лес.

На меѓународната конференција „ЕУ и западен балкан: враќањето на реалполитиката“ Лес, кој пред две години го вознемири регионот со тврдењето во списанието „Форин Афеирс“ дека прекројувањет на Балканот е неминовно, ги изнесе своите гледиште и ставови за регионот.

Според Лес, на Балканот локалната политика секогаш ја формира надворешен фактор. Истовремено, регионот веќе две децении е под контрола на Западот, кој инсистира на замрзнувања на состојбата поради фрустрациите меѓу луѓето на терен.

Како уште еден важен фактор, Лес во краткото излагање ја наведува кризата во Еропската унија, која, како што напоменува, значид ека политиката на проширување формално се уште посои, но во реалност е пртва. Од друга страна, САД го губи интересот за регионот, а поминати се и деновите кога Американците сакаа да вложуваат напор и пари.

По мислењто на британскиот експерт, кризата во ЕО веројатно ќе се продлабочи следната година кога европската економија ќе влезе во рецесија – резултатот ќе биде крај за еврозоната, што ќе го загрози и самото постоење на ЕУ.

Лес ја гледа врската помеѓу ситуациајта на истокот на Украина и на Балканот, и уверен е дека, доколку се заостри ситуацијата на линија Киев-Москва, тоа секако ќе се одрази и на состојбата во овој регион.

Статус кво, оценува, на Балканот не може да се одржи, па нема да остане замрзната состојбата на Косово, ниту во Македонија и Босна и Херцеговина.

Лес затоа е уверен дека „мудри лидери“ треба да преговараат и ги поздравува напорите на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот Хашим Тачи да постигнат договор.

Доколку страните не дојдат до компромис, Лес предупредува дека може да дојде до наметнување на унилатерално решение од едната или другата страна, а тоа може да доведе до тоа Албанците да ги протераат Србите од северот на Косово или Србија да го анектира северот.

Тој сепак не верува дека ќе дојде до војна и вели дека е оптимист, но додава дека проблемот е што „хардлајнерот Харадинај го спречува Тачи да дојде до решение низ преговори“.

Во оваа прилика тој се заложи и за воспоставување на национални држави во регионот, бидејќи, како што вели причината за конфликт на Балканот е неускладеноста на политичките и физичките граници, па малцинствата се чувствуваат заробени во туѓи змеји.

Прашањето е дали треба Западот да продолжи со својата политика на проширување на ЕУ која се покажала како неуспешна, или да дозволи балканските држви успешно да го завршат процесот во своите национални држави, вели Лес, кој како една од опциите ја гледа во организирање на мировна конференција о учество на сите актери на кој би се разгледувало прашањето за прекројување на границите. Другата опција е постепена транзиција, додава, наведувајќи ја Македонија за пример, каде Албанците би добиле поголема самоуправа за пет до десет години да се приклучат кон Албанија.

Лес како британски дипломат десет години работел во Британското биро за надворешни работи и Комонвелтот, како политички секретар во Скопје, шеф на бирото на британската амбасада во Бањалука и шеф на Одделението за институции на ЕУ во Лондон.

Политиколог и долгогодишен член на фондацијата Фридрих Еберт како и Винфрид Фајт, смета дека клучни играчи на Западен Балкан се ЕУ, Русија, Турција, а како нов актер и Кина, но истакнува дека проблем е што ЕУ е слаб глобален играч.

„Русија е важен играч и затоа е потребно да се соработува со неа. Исто така и со Турција која има влијание во БиХ и на Косово“, рекол Фајт.

„Не сум сигурен дека ЕУ ќе постои за 10 години, можеби единствено во форма на концентрични кругови во чие средиште би биле Франција и Германија, а можеби би се приклучила и Полска“, наведува Фајт.

Претходно «
Следно »