October 25, 2021, 7:57 am

Лукаревска: Пoбopник cyм дa ce згoлeми пpaгoт нa пoвpaтoт нa ДДВ oд мepкaтa МojДДB

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, смета дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и вели  дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.

– Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен – рече Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизијата Канал 5.

Лукаревска рече дека е поборник да се зголеми лимитот на сумата што ја добиваат граѓаните.

– Мислам дека понатаму ќе треба оваа мерка да се унапредува. Во однос на зголемувањето на тој праг од 1.800 на 2.400 денари, секако дека самата пандемија ги измести сите ичекувања, но се она што било ветувано во предизборието, секако дека ќе биде реализирано. Јас ќе бидам најголем поборник да го зголемиме лимитот – рече таа.

Лукаревска изјави дека очекува СДСМ да биде победник на претстојните избори и го има најдоброто за државата.

– На последната седница на Извршниот одбор беа утврдени 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, во наредниот период ќе се затворат уште неколку општини со потврдени кандидати и некаде до крајот на август ќе ја имаме целосната понуда. Наше е да ја изработиме кампањата, да го дадеме најдоброто за нашата општина, како што го правиме во целиот овој период – рече Лукаревска.

Latest News

Koлyмнa нa Ристо Никовски: “Иcтopиcкaтa“ кoмисиja co Бугарија мopa вeднaш дa пpeкинe co paбoтa

Член 8, став 2, од “Договорот за (не)пријателство, (не)добрососедство и (не)соработка меѓу Македонија и Бугарија“, гласи: “... со цел...

More Articles Like This