ЛУКА МОДРИЌ ја освои „Златната топка“ за 2018 година!

  • December 3, 2018

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е освојувач на „Златната топка“ за 2018 година, награда, која што ја доделува „Франс Фудбал“.

На свечена церемонија во Париз, 33-одишниот Хрват конечно застана на местото на кое во последните десет години беше или Кристијано Роналдо, или Лионел Меси. Доминацијата на најдобрите светски фудбалери ја прекина капитенот на хрватската репрезентација, кој испиша историја во изминатата година.


Се Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите трета сезона по ред, а со Хрватска постигна голем успех и играше во финалето на Мундијалот. Добрите настапи на клупско и репрезентативно ниво му овозможија да добие три награди – најдобар фудбалер на Светското првенство, „The Best“ од страна на ФИФА и фудбалер на годината според изборот на УЕФА.

Со четвртото индивидуално признание, Модриќ стана бесмртен и постигна нешто што досега не му успеало никому. Големи имиња пред него не успевале да се закитат со сите четири награди на крајот од една година, што носи дополнително значење на „Златната топка“.

Зад него далеку беше минатогодишниот победник Роналдо, а третопласиран, на големо разочарување за Франција, беше Гризман. Следуваат Мбапе, Меси, Салах, Варан, Азар, Де Брујне и Кејн, кои ги комплетираат најдобрите десет фудбалери за 2018 година.

Претходно «
Следно »