ЛOШИ БРОЈКИ ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ: Половина од граѓаните на Србија ги сметаат САД за неприjaтел

  • September 19, 2019

Половина од граѓаните на Србија сметаат дека САД и се непријател на Србија, како и дека треба да се градат добри односи и со САД и со Русија, покажа анкетата објавена од невладиниот Институтот за европски работи од Белград.

Четвртина од српските граѓани ги оценуваат односите меѓу Србија и САД со најниска оценка, третина даваат оценка од 3, 5 проценти, девет отсто даваат оценка 4, додека 4,9 проценти од граѓаните даваат највисока оценка – 5. На скала од 1 до 5 односите меѓу двете земји оценети се со просечна оценка од 2,34.

Половина од граѓаните на Србија ги сметаат САД за непријател на Србија (воглавно постарите од 60 години), 22 проценти сметаат дека САД се пријател, а 28 проценти не знаат како да одговорат.

Дека е важно Србија да има добри односи и со Русија и со САД смета 57 проценти од граѓаните, а 40,9 проценти се изјасниле дека Србија треба да има добри односи со Русија.

Околу 43 проценти од граѓаните веруваат дека во иднина односите меѓу Србија и САД ќе бидат подобри, а околу 47 проценти од граѓаните сметаат дека нема да има подобрување на односите.

На прашањето што би ги подобрило односите меѓу Србија и САД, 21,6 проценти рекле дека тоа е решение за косовското прашање, 12,8 проценти рекле дека тоа ќе се случи ако Косово и се врати на Србија, 10,8 отсто го наведува извинувањето на НАТО и воените оштети. 9,7 проценти не знаат како да одговорат, 8,1 процент сметаат дека тоа е пристапување на Србија во ЕУ.

Речиси половина од српските граѓани (49 проценти) веруваат дека евентуална посета на Доналд Трамп ќе ги подобри односите меѓу Србија и САД.

Претходно «
Следно »