October 21, 2021, 12:43 am

Лoши вecти oд „Oкcфopд“: Дeлтa-cojoт дeфинитивнo ja „pyши“ eфикacнocтa нa вakцинитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемувањето на вакцинираните лица кои се заразени со коронавирус фрли сомнеж врз трајната ефикасност на вакцините против коронавирус, покажуваат новите студии, што би можело да влијае на владините одлуки за евентуално воведување дополнителна „засилувачка“ доза, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Една студија од Универзитетот во Оксфорд, објавена на 19 август, покажа дека ефективноста на вакцината „Фајзер“ речиси се преполовила по четири месеци и дека вакцинираните луѓе заразени со повеќе заразниот делта сој имале исто високо ниво на вирусот како и невакцинирани, посочува Фајненшл тајмс.

Трета доза

Научниците од Оксфорд покажаа дека ефективноста на вакцината опаѓа откако делта сојот стана доминантен во Обединетото Кралство во мај, и дека вакцината „Фајзер“, која првично беше поефикасна, но по четири до пет месеци подоцна беше приближно иста како и вакцината АстраЗенека, чиј процент на заштита речиси остана ист.

Истражување на Оксфорд покажува дека вакцината на Фајзер е поефикасна против делта сојот на коронавирусот отколку на Астра Зенека, но заштитата што ја обезбедува се намалува побрзо. Британската студија опфати 700.000 испитаници од декември 2020 година до август 2021 година.

Лицето кое добило втора доза на Фајзер пред еден месец, е 90 проценти позаштитено од делта сојот отколку невакцинирано лице, покажа анализата на примероците.

Два месеца по примањето на втората доза, разликата се намалува на 85 проценти, а по три месеци на 78 проценти.

Вакцината на Астра Зенека, според истражувањето, обезбедува 67 проценти заштита по еден месец, 65 проценти по два месеца и 61 проценти по три месеци.

По четири до пет месеци, нивото на заштита обезбедено од Фајзер и Астра Зенека се изедначува, се наведува во студијата, која се уште не поминала рецензија.

– Тие бројки „претставуваат пад“ во ефикасноста на вакцината на Фајзер, објасни Коен Поуелс, еден од авторите на студијата.

Сепак, истражувачите истакнуваат дека, и покрај намалувањето на нивото на заштита, „вкупната ефикасност на двете вакцини останува многу висока“.

Тие потенцираат дека истражувачите ја разгледале целокупната заштита од Ковид-19, а не заштитата од потешки форми на болести и хоспитализации, што е важно за „оценување на ефективноста на вакцината“.

Студијата е објавена во момент кога некои земји размислуваат за вакцинација со трета доза.

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This