МАВРОВО: На -12 останале заглавени на жичницата, па скокале од неа

  • January 12, 2017

Од три метри висина скокале во снегот во Маврово бидејќи останале заглавени во жичницата на рекордно ниските температури. Оваа драма се одвивала денеска во скијачкиот-центар Маврово, а ја раскажува момче  кое сака да остане анонимно.

80020-vikendov-kje-rabotat-ski-liftovite-vo-mavrovo

– Од три метри висина скокнав во снегот, не се издржуваше од што беше ладно. Мислам дека имам мала набиеница, но беше премногу ладно за да седам на високо. Бевме заглавени половина час, вели еден од скијачите.

Жичницата застанала откако денеска околу 11 часот снемало струја во скијачкиот центар. Од ЕВН потврдиле дека има прекин во напојувањето и дека се испратени екипи да проверат што е причината за дефектот.

Претходно «
Следно »