МАГЛА КАЈ ТЕТОВО И ШТИП, ВИДЛИВОСТА НАМАЛЕНА НА 50 ДО 100 МЕТРИ

  • December 23, 2018
  • Коментари

Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Тетово и Штип, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонијапат апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Претходно «
Следно »