Македонец направи вистински спектакл на “Ѕвездите на Гранд”: Публиката на нозе, а жирито остана без зборови (ВИДЕО)

  • December 3, 2018

На сцената на “Ѕвездите на Гранд” излезе потполно опуштено и со голем стил. Така од почетокот изгледаше настапот на скопјанецот Филип Пецовски кој успеа да ја крени публиката на нозе, а жирито да го остави без зборови.

Филип се претстави со песната “Аdio amore” од Раста и “Volim osmijeh tvoj” од Тоше Проески.

Публиката цело време беше на нозе, а членовите на жирито беа нервозни што поради ѕидот не можеа да видат ништо од тоа.
На крајот од неговиот страшен настап, Филип доби пет гласа, и тоа од Марија, Јелена, Џорџе, Вики и Ана.

После гласањето жирито сакаше да го види неговиот настап одново. Продукцијата дозволи Филип одново да ја испее втората песна, а кога сите видоа каква “лудница” направи во студијото рекоа само “Браво мајсторе”.

На крајот Филип ја избра Јелена Карлеуша за негов ментор, а таа прокоментира “Со задоволство”.

Настапот на Филип почнува на 1:06:10 минути.

Претходно «
Следно »