МАКЕДОНЕЦ ОД АЛБАНИЈА УБИEH ВО ГРЦИЈА: Работел во фарма на Крф, го бранел името во кафана па го убилe!

  • December 3, 2018

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана.

На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.

Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.

Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.

Грчки и албански медиуми јавуваат дека убиeниoт е етнички Албанец, a убиcтвoтo се случило на островот Крф минатата недела било предизвикано од расправија за името на Македонија и за границата меѓу Албанија и Грција, а убијците биле грчки националисти.

Телото на 63 годишниот албански државјанин Петрит Зифле било пронајдено кај градчето Лефкими, на јужниот дел на островот Крф, кој се наоѓа блиску до Албанија, на почетокот на минатата недела.

Според грчкиот медиум Пресрум, Зифле посетил кафуле во близина на Лефкими, каде влегол во расправија со грчки посетители околу името Македонија. Расправијата се пренела и на договорот за морската граница
меѓу Грција и Албанија, кој се однесува и на водите околу Крф.

Коментарите на Зифле биле сфатени како навреда од страна на грчките националисти во кафулето, по што еден од нив земал ловечка пушка и го застрелал Зифле. Неговото тело било фрлено во ендек близу Лефкими.

Грчката полиција неколку дена го истражуваше убиството, без да изнесе детали за поводот за нападот врз Зифле, за дури денес да биде објавена причината.

Албанската телевизија Топ Ченел јавува дека убијците биле припадници на грчката нео-фашистичка група Златна Зора, а дека извршителот е 44 годишен Грк од Лефкими кој бил дури и кандидат за
пратеник на Златна Зора.

Ова е најновиот во серијата инциденти меѓу Грција и Албанија, при што уште тројца Албанци беа пронајдени мрвти или убиени во Грција во изминатата недела. Најсериозниот ваков инцидент беше убиството на
грчкиот националист Константинос Кацафис од страна на албански специјалци, по престрелка јужна Албанија. Инцидентот предизвика размена на дипломатски ноти меѓу двете земји.

Претходно «
Следно »