МАКЕДОНЕЦ ОД ШВЕДСКА ВО ЈУВЕНТУС: Кулушевски пред потпис за „старата дама“

  • December 31, 2019
  • Коментари

Двократниот европски првак Јувентус е пред потпис со 19-годишниот Дејан Кулушевски, кој настапува за Парма како зајмен играч на Аталанта, јавуваат италијанските медиуми.

 

 

 

 

Трансферот изнесува 35 милиони евра (плус бонуси од 9 милиони), десет милиони повеќе отколку што нудел Интер, а фудбалскиот бисер од Шведска со македонско потекло ќе добива по четири милиона годишно до јуни 2024 година, колку што ќе трае договорот.

Кулушевски во есенската полусезона забележа 17 настапи за Парма во Серија А, на кои постигна четири гола и седум асистенции, со што го сврте вниманието на големите клубови.

Неговите родители се Македонци, има четири настапи и пет гола за репрезентацијата на Македонија до 16 години, но минатиот месец дебитира за сениорската селекција на родната Шведска против Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2020.

Договорот со „старата дама“ треба да биде потпишан наредните денови, а до јуни крилото се очекува да ја доигра сезоната за Парма.

Претходно «
Следно »