МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОДЕЛИ НА ДВЕ ФЕДЕРАЛНИ ЕДИНИЦИ: Илирида и Славомакедонија како две единици на федералната држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По пораките испратени од бившите команданти на УЧК до Зоран Заев во врска со името на државата и спроведувањето на законот за двојазичност, различни радикални проалбански сепаратистички структури започнаа со засилена пропаганда да ја шират идејата за федерализација на Македонија во два посебни дела, од кои едниот ќе биде дел во кој Албанците ќе ги имаат сите права

„Република Илирида, како рамноправна единица на Конфедерацијата, во државата БЈРМ , со еднакви права со словенско-македонскиот ентитет, со право на отцепување, право на припојување кон матичната земја Албанија, е привремен компромис на решавањето на проблемот во државата БЈРМ , проблем кој е создаден поради неспособноста на албанските лидери по последната војна на УЧК во 2001 година, како и славомакедонскиот окупатор!“ – стои во текстот објавен на ФБ страницата „Илирида Њуз“ на која редовно се објавуваат радикални и сепаратистички ставови.

„Токму ДУИ и Али Ахмети, и ДПА на Мендух Тачи, и главните политички партии беа актерите, кои го блокираа спроведувањето на Охридскиот Договор, го блокираа правилното решение и унапредување на националните права на Албанците во Илирида! Двајцата лидери и двете партии, без разлика кој нив беше во позиција или опозиција, никогаш не се обединија заедно, кога се работеше за албанските прашања“ – стои во тексот објавен на ФБ страницата „Илирида Њуз“.

„Криминалот и политичката мафијата во Илирида, не се сами, тие се поврзани со криминалот и политичката мафијата во Приштина и Тирана, така фунционира помошта и штитот на политичката мафија, едни на други, како и помошта за други реципрочни случаи, за да преживеат што подолго на власт, и да го зголемат својот буџет.“ – стои во текстот.

„2018 година во албанските простории ќе биде година која започнува со расчистување на криминалот и политичката мафија, почнувајќи во Тирана, од нашите американски и европски пријатели и партнери! Тука ќе започне и падот на криминалната политичка пирамида, каде што ефектот ќе биде “домино ” бидејќи на криминалот и политичката мафија, ќе пропадне главниот критериум, а со тоапаралелно ќе падне и во Приштина и во Скопје.

2018 година ќе биде почетокот на проектот за Република Илирида како еднаква единица со Славомакедонците, во државата на БЈРМ, одкако ќе почнат да пропаѓа, политичкиот криминал во Тирана, Приштина и Скопје. Република Илирида е една неопходна реалност за исполнување на правата на Албанците во Илирида во сите аспекти на животот!

Да живее Република Илирида!“ – се заклучува во текстот објавен на ФБ страницата „Илирида Њуз“

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This