February 28, 2021, 12:55 am

Македонија доби шамари од сите соседи поради неодговорноста на оваа старо-нова влада

Поврзано

Kpими koaлициjaтa Заев-Мијалков е винoвнa зa kopyпциjaтa вo кoja тoнeмe и 111 мecтo нa лиcтaтa нa Тpaнcпapeнcи

Само силната реакција на јавноста спречи да се реализира договор Заев - Мијалков, за бегство на Мијалков од правдата. Планот...

Аpcoвcки: Имам инфopмација дека е вpaтен аванcoт за кинecките вakцини

Ако се вратиме наназад периодот ќе видиме дека и Венко Филипче и владата на Зоран Заев постојано лажат за...

Никој друг не се пријавил: Заев е единствен кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартските избори

Од партиското раководството потврдија за „360 степени“ дека, денеска до 16 часот, никој друг не поднел кандидатура и дека...
- Advertisement -

Жаклина Пешевска, Претседателка на Унија на жена на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за целата ситуација со корона вирусот и посочи дека додека власта релативизираше дека состојбата со пандемијата е под контрола во Република Македонија е со најголеми бројки на заразени и починати од КОВИД-19.

-Ние добиваме шамари од сите соседи ако ги земеме сите работи кои ни се случуваат во последно време и тоа е се поради неодговорноста на оваа старо-нова влада. Додека се објаснуваше и се релативизираше работата во однос на пандемијата дека се е под контрола излезе да сме со најголеми бројки на заразени и на починати од КОВИД-19. Сега од релативизирање на работите и дека цветаат рози во Република Македонија најмногу губат граѓаните и државата и сега доаѓаме во ситуација и да не можеме да примиме подарок од Србија. Многу е голема одговорноста во однос на пандемијата и не само како опозиција дека сме цело време критички настроени, но за жал тоа е реалноста во Македонија. Најпрво власта не ја препозна целата ситуација во однос на пандемијата, велат прв случај имало во февруари лани, реално ние имаме од декември 2019 случаи на корона, ама еве официјално прв случај во февруари. Една година не успееја да воспостават во најголемите жаришта да има доволно кислород, докторите на самиот старт на пандемијата се соочија со недостаток на заштитна опрема . Имаше иницијата каде и ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се приклонивме да изработиме заштитна опрема и дониравме онаму каде што имаше навистина потреба, рече Пешевска во своето гостување.

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This