Македонија е на маса: Првиот чекор е федерализација, вториот чекор е конечно уништyвање земјата

Поврзано

Спасовски се сретна со претставници од Синичане и Урвич со цел peшaвaње на пpoблeмoт со водата за пиење

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство,...

(Видео) Силниот ветер однесе покрив од зграда во Делчево

Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу...

Пocкапувањето на стpyјата требало да биде дури 25 проценти!

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски ги отфрла обвинувањата за новото 7,4 % зголемување на цената...
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање во Аеродром рече дека од Аеродром мириса на голема победа на 15 јули и тука се заблагодари на луѓето кои го создаваа општинскиот комитет овде во Аеродром, до ветераните, основачите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, коалиционите партнери.

-Овој митинг сакам да го започнам со еден пријател кој ми кажа дека оној Зоран Заев за нас македонците е навистина кошмар, но за некои наши соседи е вистински посакуван сон. Јас му велам така е зошто ние секогаш се наоѓаме на дното на неговата агенда на приоритети. Човек не може да биде лидер, а притоа да се срами од родот свој. Таа грешка имаме заедничка можност да ја корегираме на 15 јули, уште рано наутро да излеземе и да го заокружиме бројот 14, истакна Мицкоски.

Тој пред граѓаните од Аеродром потсети на тоа кога СДСМ ја имаат можноста да владеат, да управуваат во Владата и дека нивната матрица се темели на три чекори, дополнително уште еден ако успеат.

-Ќе дојдат овде ќе застанат со раката на срце и ќе ви зборат за жицата, за семето, ќе кажат многу невистини мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат довербата од граѓаните. И доколку ја добијат довербата од граѓаните доаѓа вториот чекор, а тоа е национален срам и третиот чекор пљачкање и криминал и четвртиот е заробено судство за да може да се пресметаат со политичкиот противник или пак да се амнестираат за некој криминал, кажа Мицкоски.

Тој од Аеродром спомена дека од Коалицијата СДСМ и БЕСА на маса е Македонија, да не биде дека не е споменато пред време затоа што првиот чекор е федерализација, вториот чекор е конечно уништување на Македонија и секој оној кој ќе излезе на 15 јули и ќе заокружи пред името на Никола Димитров и за волјата на СДСМ и Беса треба да е свесен дека заокружува за уништување на Македонија.

-Јас верувам во оној пиреј кој што се буди во секој еден од вас, во онаа пркост што секој со себе ја носи и одлучност да застане и да се бори за својот сон. Попат ќе ви кажат дека попусто се трудите и тоа не треба да ве обесхрабрува, тоа треба дополнително да ве мотивира да продолжите да се борите за сонот, за нашата Македонија онаква каква што сака да биде. Затоа ве повикувам сите застанете до нас, застанете со нас и ајде прво да си ја ослободиме Македонија, побара Мицккоски од граѓаните од Аеродром.

Лидерот Мицкоски укажа дека СДСМ ќе ги убедуваат граѓаните дека можеа, можеа многу да направат, но не успееја. Имено тој порача дека наместо да уживаат во привелегиите платени со народни пари, да направат многу за овој народ, можеа и ФБ и Гугл и оној гигант во автомобилската индустрија да ги донесат, само требаше да работат, но тие ниту знаат, ниту сакаат да работат.

-Сетете се на правдата. Од правдата успеја сето она кое го ветуваа да го спакуваат во она Луј Витон куферче, да донесат некоја трас- трас одлука, а мирот да го претворат во немир. Немир во душата на родителите на оние дечиња кои грозоморно го загубија својот живот на Смилковско. Во 2016 година им велеше дека ќе ја дознаеле вистината за тој грозоморен чин, а прво кога имаше можност ги ослободи сторителите од затвор. Денес има патриоти кои лежат 15-17 години во затвор затоа што си ја сакале Македонија. Јас се обврзувам дека правда мора да има и мора од некаде да почнеме. Јас ви ветувам дека никој повеќе нема да владее во Македонија, дека тој кој ќе ја има честа да управува со Владата ќе работи исклучи за народот и за волјата на народот. Мораме да покажеме дека ќе биде поинаку се и дека сме поразлични, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со понуда содржана во 360 страни наречена Проект „Обнова“ и таму има буквално за секој еден граѓанин односно таму може да се најдат повеќе од 1000 проекти односно како да се дојде до 25% повисока просечна плата во еден мандат, како да се дојде до 20% повисоки пензии и враќање назад на старото законско решение кога пензиите два пати годишно растеа, како до 1000 километри нови реконструирани локални и регионални патни правци, како до најнизок данок од 8% и уште многу други проекти.

Latest News

Играјте на сигурно и нема да зaжaлитe

Овен Не дозволувајте ситните кавги со колегите да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се...

За време ekcплозијата во Бејрут новинарка имаше интервју: Погледнете што се случи (Видео)

Еkcплозијата што однесе преку стотина животи во Бејрут и беа повредени преку 7.000 лица, беше голем шоk за светската јавност. Се повеќе видеа излегуваат...

Борисов најави повлекување: Не сум Радев да се радувам кога луѓе се тeпaaт на улиците

Подготвен сум да заминам во секое време. И заради мене, не сакам да има тензии на кој било начин. Јас не сум Радев да...

Почина писателката Исидора Бјелица

Писателката Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52-годишна возраст. Бјелица починала во домот на своите родители. Во 2012 година на писателката и беше дијагноситициран...

Денеска е Св. мaченичkа Христина која пocтpaда за Хpиста во третиот век

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули. Денеска е Св. маченичка Христина. Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка...

More Articles Like This