October 23, 2021, 8:49 am

Македонија живее од инвecтициите кои ги донесе Груевски: Извозот од ТИРЗ-овите изнесува 1 милијарда евра за првите 4 месеци од годината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

-Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно речиси 27 отсто во однос на 2018 година. Компаниите активни во зоните и понатаму остануваат носители на извозот во земјава со учество од речиси 47 отсто во вкупниот извоз. Ова покажува дека иако овие компании беа најпогодени од кризата, демонстрираа висок потенцијал за брзо опоравување, што се должи и на таргетираните мерки и механизми за поддршка од ТИРЗ и државата, се наведува во соопштението од ТИРЗ.

Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2021 година вкупниот увоз изнесува над 1 милијарда евра и е за 85 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно 37 отсто во однос на 2018 година.

-Само во април увозот во зоните достигна 318 милиони евра што е за 23,6 отсто повеќе споредено со март. Трендот на раст на увозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првите четири месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра. Поради ваквиот тренд покриеноста на увозот со извозот е речиси изедначена. Во април 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0.10 отсто, додека на државно ниво за првиот квартал овој однос е -24 отсто, седодава во соопштението.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за април покажува дека бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места.

-Се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во следниот период со оглед на најавите од ТИРЗ дека веќе се преговара со над 20 компании за обем на инвестиции над 300 милиони евра и отворање на нови 5500 работни места, се наведува во соопштението.

Реформите и политиката на Владата за промовирање на Македонија како поволна бизнис дестинација резултираа со конкретни инвестиции кои овозможија напредок во економијата, оцени тогашниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отчетот за реализираните проекти на Владата и коалицијата во периодот од 2011-2014 година.

– Околу 25 проценти од извозот се создава во новите капацитети кои се изградија во ТИРЗ и во индустриските зони, истакна тогаш Груевски.

Премиерот Зоран Заев за коментарот на неговиот претходник Никола Груевски за странските инвестиции, рече дека се што било добро на претходната власт, денеска продолжува да работи на истото и актуелната влада.

– Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата. Скопје 2014 не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Груевски во коментар на Фејсбук пред одбележување на инвестиција на „Кемет електроникс“ од 10 милиони евра посочи „Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ 1 Скопје, да објават дека планираат да одат во својата следна фаза на нивниот долгорочен план за инвестирање во Македонија и да објават градба на втора фаза(втора фабрика) на нивниот стратешки план за инвестирање во Македонија. Да потсетам дека од тогашната опозиција а денес власт бевме жестоко критикувани дека ,,фрламе пари за реклами на СИЕНЕН,,.

Latest News

Виcoк лидep вo Aл Кaeда y6иeн вo американски нaпaд co дpoн вo Cиpиja

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон...

More Articles Like This