МАКЕДОНИЈА КАКО „ВАРШАВСКО ГETO“: МИЦКОСКИ: Владеењето на СДСМ наликува на класната сeгpeгaциja од минатиот век во Варшавското гeто

Поврзано

Граѓаните тука сакаат обнова и што поскоро државата да тргне напред

Во моментов сум во населеното место Кучевиште. Заедно со коалиционите партнери Љупчо Димовски и Иван Стоиљковиќ ги посетивме жителите...

Сите треба да бидеме paмнопpaвни граѓани

Вие не сте само една маргинализирана група. Вие сте рамноправни граѓани на Република Македонија исто како и јас. #ИсправиСеМакедонијо #ОдбериОбнова https://www.facebook.com/RaselaMizrahi/posts/179694490219141

(Видео) Денешната одлука не значи дека Македонија добила датум за почеток на пpeгoвoри

Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција изјави дека е лажна...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со нови, како што вели, голи факти за безочното лажење на Власта, црното време и манипулациите кои се прават со здравјето на граѓаните.

 

 

-Октомври 2017 година, премиерот Заев ветуваше чист воздух затоа што како што самиот велеше „немало слобода и живот без чист воздух“. 13 месеци подоцна иронично, но вистинито, заедно со однесената слобода и одземениот живот, нема почист, туку драстично загаден воздух. Аналогно на ваквата изјава, бидејќи воздухот е презагаден, денес сите ние, со премиер на државата Зоран Заев живееме во држава каде нема слобода и живот – порача Мицкоски.

-Медиумите објавија дека Европската агенција за животна средина (ЕЕА) државава ја прогласи за најзагадена во Европа.
Иако велеа дека имаат прецизен план реалноста покажува дека за цело време немале план, туку желба за манипулација и лажење. И сега кога овие ветувања се распрснуваат како меур од сапуница, сакаат да презентираат некакви мерки, кои всушност и не се делотворни мерки. Се фалат дека оделуваат ниски 1.5 милиони евра за намалување на загадувањето во неколку години, во исто време кога со ребалансот кратат милиони евра од гасификацијата која е приоритетен проект за намалување на загадувањето.

-Дека се демонстрираат популистички мерки, без волја за коренито решавање на проблемот со загадувањето со новите предложени законски измени со кој нема да се реши загадувањето, но ќе се врши етикетирање на автомобилите, со што ќе се изврши директна класна сегрегација на граѓаните, односно на побогати кои имаат понови автомобили кои не загадувале, и оние од другите категории чии автомобили загадувале. Сѐ ова наликува на класната сегрегација присутна во минатиот век во Варшавското гето, со таа разлика што оваа актуелна власт најверојатно ќе побара од сопствениците на автомобили да си ги платат ознаките, и веројатно по цена по добро разработениот бизнис кој станува заштитен знак за власта, односно 2 евра (за да има евро ваму, евро таму) – вели Мицкоски.

Мицкоски додава дека додека населението се труе од загадениот воздух и неподносливата неспособност на Владата, статистиката покажува дека над 1000 луѓе годишно умираат поради респираторни болести кои се последица на загадувањето.

-Не држат правдањата со броењето на денови, барање на одговори во минатото, оваа власт ветуваше живот и воздух, и оваа власт треба да го реши проблемот. Лагите за чист воздух на власта и нивната неспособност да најдат решение, граѓаните за жал ја плаќаат со своето здравје, а не ретко и со своите животи. Црно време за нашата земја. Овие црнила мора да се запрат додека не биде предоцна – вели Мицкоски.

Мицкоски повикува дека за ова, но и за се друго, поврзано со промената на името и Уставот, одземањето на достоинството, упропастената економија, сиромаштијата, зголемувањето на даноците, неспособноста, криминалот и корупцијата, да протестираме за црнилата, среда 5 декември 2018 година, протестен марш во 17 часот од плоштад ВМРО до Влада на Република Македонија!

Нови голи факти за безочното лажење на Власта, црното време и манипулациите кои се прават со здравјето на граѓаните. Октомври 2017-та година, Премиерот Заев ветуваше чист воздух затоа што како што самиот велеше "немало слобода и живот без чист воздух". 13 месеци подоцна иронично, но вистинито, заедно со однесената слобода и одземениот живот, нема почист, туку драстично загаден воздух. Аналогно на ваквата изјава, бидејќи воздухот е презагаден, денес сите ние, со премиер на државата Зоран Заев живееме во држава каде нема слобода и живот.Медиумите објавија дека Европската агенција за животна средина (ЕЕА) државава ја прогласи за најзагадена во Европа. Иако велеа дека имаат прецизен план реалноста покажува дека за цело време немале план, туку желба за манипулација и лажење. И сега кога овие ветувања се распрснуваат како меур од сапуница, сакаат да презентираат некакви мерки, кои всушност и не се делотворни мерки. Се фалат дека оделуваат ниски 1.5 милиони евра за намалување на загадувањето во неколку години, во исто време кога со ребалансот кратат милиони евра од гасификацијата која е приоритетен проект за намалување на загадувањето.Дека се демонстрираат популистички мерки, без волја за коренито решавање на проблемот со загадувањето со новите предложени законски измени со кој нема да се реши загадувањето, но ќе се врши етикетирање на автомобилите, со што ќе се изврши директна класна сегрегација на граѓаните, односно на побогати кои имаат понови автомобили кои не загадувале, и оние од другите категории чии автомобили загадувале. Сетоа ова наликува на класната сегрегација присутна во минатиот век во Варшавското гето, со таа разлика што оваа актуелна власт најверојатно ќе побара од сопствениците на автомобили да си ги платат ознаките, и веројатно по цена по добро разработениот бизнис кој станува заштитен знак за власта, односно 2 евра (за да има евро ваму, евро таму).И додека населението се труе од загадениот воздух и неподносливата неспособност на Владата, статистиката покажува дека над 1000 луѓе годишно умираат поради респираторни болести кои се последица на загадувањето. Не држат правдањата со броењето на денови, барање на одговори во минатото, оваа власт ветуваше живот и воздух, и оваа власт треба да го реши проблемот. Лагите за чист воздух на власта и нивната неспособност да најдат решение, граѓаните за жал ја плаќаат со своето здравје, а не ретко и со своите животи. Црно време за нашата земја. Овие црнила мора да се запрат додека не биде предоцна. П.С За ова, но и за се друго, поврзано со промената на името и Уставот, одземањето на достоинството, упропастената економија, сиромаштијата, зголемувањето на даноците, неспособноста, криминалот и корупцијата, протестираме за црнилата, Среда 5-ти Декември 2018та година, протестен марш во 17 часот од плоштад ВМРО до Влада на Република Македонија!

Julkaissut Hristijan Mickoski Tiistaina 4. joulukuuta 2018

Актуелно

МИХАИЛОВ ДО СДСМ : Господо од СДС, Вашите 5 минути поминаа, доаѓа правдата во Македонија!

После вчерашните обвинувања од страна на Кире Михаилов, партиски активист и член на ВМРО ДПМНЕ дека против него се...

Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со...

(Видео) Заев да каже за што ги пoтpoшил парите од Дака и дали го полни пpaвоcудcтвoто со негови луѓе за да бeгa од пpaвдaтa

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере...

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски. Овој предмет ќе...

Почнува пријавувањето за гласање на лицaтa со Koвид-19, во caмoизoлaција, бoлни, нeмoќни и хpoничнo бoлнитe

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни...

Повеќе вести