МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ГЛАВНИТЕ ДОБАВУВАЧИ: Македонија меѓу главните добавувачи на земјоделски производи на рускиот пазар!

  • October 29, 2016

Република Македонија е нов снабдувач на огромни количини на овошје и зеленчук во Краснодарскиот регион во Руската Федерација, пишува „Комерсант“

mkd-rusija-znaminja

Според Федералната ветеринарна и фитосанитарна служба, во изминатиот период од девет месеци оваа гоина, преку контролните пунктови поминале околу 1.1 милиони тони овошје и зеленчук само за Краснодарскиот регион, што пак е за 36% помалку од минатата година.

Како што пишува „Комерсант“ намален е увозот на свежо овошје за 61%, зеленчукот за 55%, компир – 52% и цитрусни овошја за 10%.

Меѓу главните земји увознички се Египет, Израел, Турција, Индија и Пакистан, а од оваа година нови снабдувачи се Сирија, Перу, Мароко, Македонија, Босна и Херцеговина, Мавританија, Маврициус и Мадагаскар.

Русија спроведе аграрна реформа по подигнувањето на санкции на иницијатива на САД и ЕУ, а во врска со конфликтот во Украина. Како резултат на оваа реформа земјоделството во Руската Федерација неколкукратно беше зголемено, но недоволно за да ја задоволи целокупната потреба на рускиот пазар.

Санкциите кои ги воведоа низа западни земји отворија огромен потенцијал за Македонскиот извоз кој оваа и минатата година успешно го снабдуваше рускиот пазар со земјоделски производи.

Претходно «
Следно »