МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО НЕВРАБОТЕНОСТ: Според „Голд брокер“ Македонија во рангот на афричките земји по невработеност

  • February 12, 2019

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.

Претходно «
Следно »