МАКЕДОНИЈА НЕМА УСЛОВИ ЗА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ: Оливер Спасовски пред Собранието на НАТО порача дека во Македонија не може да се градат мигрантски кампови

Поврзано

(Видео) АМБАСАДА НА САД: Како и обично, Русите си играат со вистината, ни видеото не е реално

Русија си игра со вистината, а притоа не користи ни вистински снимки и фотографии, соопшти денеска американската амбасада во...

НАМЕСТО ПАРИ БОНОВИ: Здравствените работници кои се справуваа со Ковид-19 место кеш ќе добијат платежна картичка

Платежна картичка за купување на домашни производи ќе добијат и здравствените работници ангажирани за справување со Ковид-19, официјално обелодени...

ДИМИТРОВ „ПРОГОВОРЕ“ АЛБАНСКИ: Наместо Македонија стави знаменце

Вчера на социјалните мрежи се појави контроверзна фотографија, на која актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, позира до градоначалникот...

Македонија нема никакви услови да отвори нови кампови за мигранти, порача денеска министерот за внатешни работи Оливер Сапасовски на сесијата „Миграциска криза и балканска рута“ на Рос-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО што се одржува во Скопје.

Земјава, рече, веќе располага со два транзитни центра за краток престој на мигранти и безбедносната состојба на државните ганици во моментов е генерално поволна.

За справување со евентуален иден масовен прилив на мигранти, според министерот, продолжено е времетраењето на Одлуката за прогласување кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, а на македонско – грчката граница континуирано од декември 2015 година се распоредени и странски полициски службеници од осум европски држави. Усогласен е и текстот на договорот со Фронтекс со кој ќе се овозможи распоредување сили на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража доколку се укаже потреба од тоа.

– Поради својата местоположба Република Македонија не по своја вина се најде во центарот на мигранстката криза и е една од земјите кои го поднесоа најголемиот товар во справувањето. Низ нашата територија во 2015 и до средината на 2016 година транизитираа околу 800.000 мигранти што е повеќе од една третина од вкупното население на државата, а во одредени периоди транзитираа и над 10.000 мигранти дневно што е предизвик и за многу поголеми држави, потсети Спасовски.

За справувањето со состојбата, потенцира, беа ангажирани целокупните национални капацитети, а начинот на кој се направи од сите домашни и меѓународни фактори беше оценет како успешен.

– Со затворањето на западнобалканската рута за транзит на мигранти не завршија и предизвиците на ова поле. Сведоци сме на постојани обиди за нејзино заживување но овој пат на илегален начин. Мигрантите се уште се обидуваат илегално, самостојно или со помош на криумчарите транзитираат низ Република Македонија кон север и понатаму кон своите крајни дестинации, рече Спасовски и додаде дека тоа е тренд што важеше за 2017 и првата половина на 2018 година.

Во последниот период е регистирана тенденција на зголемување на бројот на обиди за илегален влез на јужната граница. Лани беа спречени 3.220 обиди за илегален влез на оваа граница, а во првите пет месеци од годинава се веќе спречени 3.150 ообиди.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести