МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ВО НАТО, НО НЕ ПОРАДИ РУСИТЕ: Се повеќе Македонци бараат Русија да се вмеша во процесот за името

  • May 7, 2018

Македонија е спремна да влезе во НАТО да не е еден проблем – името, околу кое најјужната бивша југословенска република се спори со Грција, пишува „Спутник“. Иако македонските политичари на власт најавуваат на решение за името во јуни, за оваа држава да може да добие покана за членство на нато самитот во НАТО во јули, овој оптимизам не го делат и аналитичарите

Македонија е спремна да влезе во НАТО и успешно да се спротивстави на „малигното руско влијание во регионот“, се заклучоците од посетата на македонската министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во Вашингтон, каде домаќин и беше американскиот секретар за одбрана Џејмс „Бесно куче“ Матис.

„Новата македонска влада забрзано ја прекина продолжената политичка криза во земјата, докажуајќи дека земја која се потпира на вредностите на НАТО ја зајакна својата трансформација во своите одбрамбени сили со помош на САД, го зголеми воениот буџет, како и финансискиот уддел според барањата на НАТО членките, на ветените 2% од БДП на земјата. Единствен услов кој не е исполнет е ново име на МАкедонија“, рекла Шеќеринска во интервју на Гласот на Америка.

Таа изразила и надеж дека ќе се постигне решение за името Македонија до јули.

Јули како месец за влез на Македонија во НАТО го спомна и Зоран Заев уште на почетокот на годината, кога оптимистички изјавил дека спорот околу името ќе биде решен до јуни.

Тој тогаш, во изјава за бугарската телевизија „Нова“, изрази надеж дека до јуни ќе биде решен спорот околу името, за на самитот на НАТО на 11. и 12. јули би бил активирана поканата за Македонија во Алијансата.

Белградскиот аналитичар Стеван Гајиќ од Институтот за европски студии, како и универзитетскиот професор од Скопје Александар Даштевски се согласуваат дека Македонија е спремна да се придружи на Северноатлантската алијанса.

Подготовките за влез на Македонија во НАТО започнаа со пучот во мај минатата година, кога за претседател на македонскиот парламент, во најмала рака, на сомнителен начин е избран Талат Џафери. Со пучот, вели Гајиќ, раководеше американската амбасада во Скопје.

„Она што се случува во Македонија, тоа е растурање на општеството одвнатре. Македонија можеби формално е една земја, но таа практично веќе е потполно етнички поделена и со неодамнешниот закон кој македонскиот ќе го изедначи со албанскиот јазик, тоа веќе не е македонска национална држава, што е сон на повеќето Македонци од моментот на одвојување на МАкедонија од Југославија“, објаснува Гајиќ.

Освен „тиранската платформа“, која тековно се спроведува, постои и т.н. софијска платформа, односно мешање на Бугарија во македонската внатрешна политика. Суштината е, според Гајиќ, ребугаризација на словенското население во МАкедонија и уништување на неговиот национален идентитет.

Вашингтонската посета на Шеќеринска, Гајиќ ја споредува со разговорот на вазал со метрополата.

„Мислам дека гледаме реприза на една досадна серија. Неодамна тоа го видовме со Црна Гора. Мислам дека, доколку грчкото општество не успее да се спротивстави на договорот за името, Македонија брзо ќе влезе во НАТО“, смета Гајиќ.

Александар Даштевски не го дели оптимизмот на Шеќеринска кога е во прашање решавањето на спорот околу името со Грција, која не отстапува од новите барања и покрај отстапките на македонската страна.

„Она што го гледаме од грчка страна е дека проблемот не може да се реши. Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијасрече дека би требало барем шест месеци, откако Македонија ќе се согласи да го промени Уставот и да стави име за домашна употреба, а политичарите во Македонија не споменуваат таква можност – дека се согласни да го променат Уставот. Тоа не зависи само од владеачката колаиција, тоа зависи од сите партии. За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство, кое засега не постои. Опозициксата ВМРО рече дека не е е за промена ан УСтавот, така да останува отворено прашање“, вели Даштевски.

Дури и Македонија и Грција да постигнат согласност околу името Македонија во мај, не е возможно за тоа да се одржи референдм во јуни, за Македонија да биде примена во НАТО во јули, како тоа што го сака македонската влада.

„По позитивните прописи во Македонија, за тоа (организација на референдум) треба најмалку два месеци, а сега сме веќе средина на мај, а сеуште нема индиции дека референдумот ќе биде организиран. Така да за тоа нема шанси. Единствено ако политичките партии не се договорат помеѓу себе, да имаат консензус. Но тоа засега го нема“, вели Даштевски.

Во преговорите со Грција постои извесен напредок, меѓутоа спорот се води околу главните прашања. Грција сака името Горна Македонија да се користи и во домашна употреба (од термин Горнамакедонија, кој едно време фигурираше во предлогот се отстапи), што не е прифатливо за македонската страна, која новото име го прифаќа само за меѓународна употреба.

Западот би требало повнимателно да се меша во односите во Македонија, бидејќи мешањето во корист на Албанија и Грција, предизвикува гнев кај Македонците.

„Се смета дека поради тоа Македонците сакаат Русите да бидат вклучени во ова прашање и да помогнат околу решавањето на проблемите“, вели Даштевски.

Претходно «
Следно »