МАКЕДОНИЈА ПАДНА ВО ПОМРАЧИНА: Помрачината дојде и за младите и за пензионерите, за младите ништо од ветеното, пензионерите ги лажат дека им ја зголемиле пензијата!

  • September 27, 2017

На централниот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, пред кавадарчани говореше и претседателот на партијата Никола Груевски, тој се осврна и на темата околу ветувањето на СДСМ дека ќе ги покачат пензиите, тој кажа дека во Кавадарци се видел со многу пензионери, од никој не слушнал дека се зголемиле пензиите.

-Се обидоа она законско усогласување да го претстават како зголемување на пензии, но пензионерите знаат што е покачување, затоа што знаат дека кога ВМРО беше на власт, во најголем дел од годините пензиите растеа по пет проценти годишно, а во просек околу 670 денари месечно или над 8.000 денари годишно. Тоа беа покачувања на пензиите, а не усогласувањето на пензиите да го претстават како покачување, изјави Груевски.

Груевски кажа дека и еден од најзборуваните проекти на СДСМ беше воведувањето на младинската гаранција, со која што секој млад човек најкасно шест месеци откако ќе дипломира ќе добие понуда за работа.

-Не само што нема таква понуда, туку сега почнаа нешто да мрморат дека ќе им понуделе пракса, волонтерска бесплатна, ама нема ни од тоа ништо, тоа е измама драги пријатели, изборна измама. Затоа и младите чувствуваат дека дојде помрачување, изјави Груевски.

Груевски напомена дека по подолго време почнал падот на производството, тоа е паднато и за 9 проценти, девизните резерви се намалени за 172 милиони евра.

-Ако се намалеа во минатото за 2-3 милиони евра, што се случи еднаш или два пати, креваа скандал, сега за три месеци се намалија за 172 милиони евра девизните резерви на Република Македонија. Ги запреа сите градежни проекти, се што се градеше, а е покрупно се запре. Трите автопати, овој помеѓу Демир Капија и Смоквица е готов уште во мај, бев таму го видов, останаа да се нацртаат само оние белите ленти по автопатот и да се направи сигнализација, а тоа е сообраќајните знаци. Прашав колку време треба за тоа, ми рекоа па до месец дена, поминаа четири месеци абер нема, ќе поминат уште 6-7 месеци, за потоа да го пуштат патот и да кажат дека ете они го изгадиле. Тоа е измама драги пријатели, измамата е дел од помрачувањето, порача Груевски.

Тој спомена дека ги запреле и автопатите помеѓу Охрид и Кичево, меѓу Скопје и Штип и како што кажа Груевски ќе ја влечкаат работата година, две, три, да не се завршат, за да покажат дека и тие нешто сработиле и завршиле.

-Така не се води држава, така не се постапува со својот народ, бидејќи штетата е на сопствениот народ и на сопствената економија. Од што запираа градежни проекти, ја запреа економијата и немаат план како да излезат од тоа. Беше се спремно потпишан договор, обезбедени финансии, се подготвено да почне на Клиничкиот центар во Скопје, за сите граѓани, не за скопјани, за сите во Македонија, затоа што тоа терцијарно здравство и во секоја држава тоа е на едно место и во главниот град, го запреа и тоа, па се плеткаа ќе било на друга локација, вака ќе било, така ќе било. Нема да биде никаде, или нема да го изградат или ќе си се вратат на тоа место каде што требаше да почнат на први јуни, ама ќе почнат којзнае кога, на штета на сите, на штета и на македонската економија, на штета на пациентите, изјави Груевски.

Претходно «
Следно »