МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА ДНОТО: Македонците со најниска примања на Балканот!

  • August 7, 2018
  • Коментари

Не само што просечната плата не го достигна ветеното ниво од 500-тини евра, Македонија е зациментирана на дното во регионот според просечните месечни примања. Словенците на Балканот земаат највисока плата во регионот за месец мај, односно нето плата од 1.077,77 евра, додека Македонците земаат убедливо најниска плата која изнесува мизерни 399,28 евра.

Пред нас во регионот се сите, просечната плата во Хрватска за месец мај изнесува 866,95 евра, во Босна просечната плата во петтиот месец од годинава изнесувала 448,59 евра, а во соседна Србија 426 евра.

Претходно «
Следно »