МАКЕДОНИЈА ПОД НАПАД НА ЦИА, НСА И ВИКТОРИЈА НУЛАНД: Три години требаше да поминат, за предупредувањата на iNFOMAX.mk да се прифатат сериозно!

  • May 5, 2017

Во вечерашната емисија „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, гостуваа меѓународните експерти : Џулието Киеза, Вејн Медсен и Умберто Паскали. Тие дискутираа за политичката криза во земјата, која според нив е предизвикана од одредени структури на ЦИА, НСА и кругови околу Викторија Нуланд и Сорос. Сите заедно предложија и создавање на група за поддршка на Македонија и демократските сили предводени од Иванов и Груевски, кои се борат против структурите на Сорос и обидот за пуч во државата.

kieza-640x342
– Македонците покажаа со мнозинство го избраа Иванов, Иванов е симболот, но и симболот на единството на државата. Момент е на длабока криза, Иванов кој е исклучително интелегентен и искрен човек, јас имав и среќа да се сретнам и да зборувам со него, кога тој беше професор. Тој е најдобриот човек, заедно со Груевски, за да ја сплоти државата, да ја одбрани државата од овој напад од надвор, рече Паскали.

Паскали повика на создавање на сојуз и движење во повеќе држави кој ќе го поддржи Претседателот Иванов и ќе ги брани суверенитетот и слободата на Македонија.

Според Џузепе Киеза, – Впечатокот е дека тоа што се случува сега во Македонија мора да биде разбрано добро, единствено ако ние ја посматраме целата ситуација околу, Македонија е дел од голема операција, тое според мене се случува, бидејќи е многу сериозна ситуацијата и излегува надалеку од границите на Македонија. Што значи тоа ? Центарот, јас не знам како да го именувам тој центар, и не го знам точно името на тој центар. Кои се тие луѓе ? Јас можам да претпоставам кои се тие околу госпоѓата Нуланд, еден дел од ЦИА и НСА и други, јас не ја имам целата слика, но јасно е дека има центар кој проучува како да го дестабилизира целиот регион на поранешна Југославија и Бугарија.

Претходно «
Следно »