МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ОЧЕКУВА СЦЕНАРИО СЛИЧНО НА АВГАНИСТАН: Војна без причина, поделби без крај, тензии до недоглед!

  • October 7, 2016

Американските воени трупи извршија инвазија на Авганистан на 7-ми октомври 2001 година, помалку од еден месец по терористичкиот напад на 9 Септември во кој беа урнати кулите на Светскиот Трговски центар. Она што на почетокот се чинеше како брза побеа врз Талибанскиот режим се претвори во крвава, бесконечна герилска војна која трае до ден денес.

Администрацијата на претседателот Џорџ Буш, во 2001 година ја обвини терористичкат организација на Бин Ладен „Ал Каеда“ за киднапирање на комерцијални авиони кои влетаа во зградите на Светскиот трговски центар и во Пентагон. Белата куќа тогаш веруваше дека Бин Ладен е во Авганистан и бараше од Талибанците да го предадат. Талибанскиот лидер Мулах Омар бараше докази. Она што го доби наместо доказите, беше војна.

Со помош на воени авиони и трупи на армијата на САД, воените лидери на НАТО ги притиснаа Талибанците од нивните главни градови, го завземаа главниот град Кабул, до средината на ноември. Нова влада беше поставена, контрлирана од клиентот на САД Хамид Карзаи. Сојузниците на НАТО (меѓу кои за жал и Македонија), ја поддржаа агресијата врз земјата, и испратија свои трупи во војна во која загинаа десетици илијади невини цивили.

Од 2002-та до денес САД има потрошено повеќе од 60 милијарди долари за тренинзи и вооружување на Авганистанските безбедносни сили, според Ројтерс. Сепак, во четвртокот, Пентагон откри дека одреден број на Авганистанци кои дошле во САД на тренинг, дезертирале. Од почетокот на програмата во Јануари 2015, 44 Авганистанци се исчезнати, осумина во септември оваа година.

Производството на опиум, инаку забрането под стриктното талибанско интерпретирање на Исламот, направи невидено враќање на светската сцена за време на војната. Извештај на Обединетите нации проценува дека производството на опиум (хероин) во Авганистан е зголемено на 200.000 хектари. Оваа бројка е надмината во 2014 година со 224.000 хектари.

Преку 4.000 војници на коалицијата на САД и 15.000 Авганистански трупи загинале во текот на операцијата „Одржлива Слобода“. Жртвите на САД се 2.356 загинати и 19.950 повредени. Загубите кај талибанците се сметаат помеѓу 25.000 и 40.000 загинати. Проценките за бројот на загинати цивили се движи од 31.000 (според Институтот за интернационални студии Ватсон) до 170.000 според други организации.

Цената на војната во Авганистан се пресметува на 685.6 милијарди долари според Конгресниот истражувачки сектор на САД. Долгорочното чинење се прсметуа на 6 трилиони долари, ако се земат во предвид „долгорочните компензации за медицинската нега и хендикепот на војниците, ветераните и нивните семејства, военото обновување и социо-економското чинење“, според проценка од 2013 година направена од Линда Билмс од Харвард.

Најголемата иронија во Авганистанската војна е тоа што САД влезе во конфликт со оние кои ги поддржуваше за време на Студената војна.

Доколку во Македонија итно не се преземат мерки и активности, кои ќе се спротивстават на софистицирана агресија од страна на САД и нивните сојузници, за делегитимирање на државата и игнорирањето на слободната воља на граѓаните, Македонија ја очекува слична судбина како онаа на Авганисан, Украина, Сирија, Црна Гора и редица други примери.

Претходно «
Следно »