Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 за само 20% од населението

Поврзано

Шпанска „Марка“ за Македонија на Европско: „Наследници на Филип Втори и Александар Велики“

Шпанскиот спортски весник „Марка“ ги претстави најдобрите македонски фудбалери како „наследници на Филип Втори и на Александар Велики“ и...

Maкедонија повтopно излeгува на улица: Cлобода за ycтавобpaнителите, Hикoгaш Ceверна – Caмо Maкедонија, oвa e пpoглacoт и пpичинитe

ЈАВЕН АПЕЛ ЗА МАСОВЕН СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 29 МАЈ! Почитувани браќа и сестри Македонци по род и државјанство, од...

Во Maкедонија се тpaнспopтира apмиcкиот офицep cycпeктeн нa jyжно-афpикaнcката мyтациja

55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 и сомнителен на јужноафриканскиот сој, веќе е на пат од Африка кон Македонија...
- Advertisement -

Македонија ќе ја добие онаа вакцина против ковид-19, која прва ќе биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот, а реално е да се очекува тоа да се случи во првите месеци по Нова година, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација. Ќе бидат добиени 800 илјади вакцини, по две дози за 400 илјади граѓани.

Договорот со Ковакс механизмот кој го потпиша нашата држава предвидува вкупна количина од 800 илјади вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе.

„Со првите 20 проценти од вакцините се предвидува имунизација најпрво на ризичните групи како што се здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација”, вели во изјавата за МИА д-р Грозданова.

Компанијата „Фајзер” веќе поднесе апликација за т.н итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна” и „АстраЗенека” за регистрација во Европската медицинска агенција. Како што вели д-р Грозданова, најавите се дека веќе во декември можно е да биде одобрена првата вакцина за ковид-19.

Latest News

Силeн зeмјотpec од 4.7 степени ја пoгoди Грција

Силен потрес вечерва ја потресе Грција. Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14км југозападно од Костур, Грција на длабочина од...

More Articles Like This