МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ МИНИСТЕРСТВО ЗА РАМКОВЕН ДОГОВОР: Од 1-ви јуни ќе плаќаме уште едно министерство, овој пат за спроведување на Рамковниот договор!

  • March 2, 2019

Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Џеват Адеми, Реџаил Исмаили и други, во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата.

Со измените се предлага да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во законското образложение.

Законот ќе почне да се применува од 1 јуни 2019 година.

Претходно «
Следно »