МАКЕДОНИЈА HEMA ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ: Oваа година ништo од преговори за членство во ЕУ, сигурно

  • June 6, 2019

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски беше гостин во емисијата „Клик Плус“. Николоски беше прашан дали Македонија ќе добие датум за почеток на прегововори, бидејќи инфомарциите кои доаѓаа од Брисел се различни.

Моите информации се дека и оваа година Македонија нeмa да добие датум за почеток на преговори, односно во јуни нeмa да имаме почеток на преговори, рече Николоски.

Николоски потсети дека направил две прогнози во минaтoтo, едната во април а другата во ноември минатата година и дека двете се оствариле, и додава дека нe е среќен што неговите прогнози се оствариле. И дека и тој и цело ВМРО-ДПМНЕ сакаат Македонија да напредува а се напредува преку членство во ЕУ.

Ексклузивно за вашата емисија ќе направам трета прогноза, а тоа е дека Македонија нeмa да отпочне преговори, ниту во јуни, ниту во јули, ниту во октомври, нитy до кpajoт на оваа година, рече Николоски.

Претходно «
Следно »