Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и го назначи Милутин Станчиќ, професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик на Филолошкиот Факултет во Скопје за директор на оваа Управа.

Милутин Станчиќ, освен тоа што е професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик, е и бугарофоб и македонофоб, со оглед на фактот кој вели дека тој во неговите истражувања ги прогласува Македонските револуционери за „ѕверски кољачи“ и „нецивилизирани“.

Според Станчиќ, хрватските усташи своите ѕверства ги научиле од ВМРО-вските чети, а на нив пак им ги пренел адвокатот Анте Павелиќ кој ги бранел интересите на „крвопиите од ВМРО“.

„Техниката на убиства и начинот на колење и монструозно изживување на усташките хорди го учеа од ВМРО-вските кољачи кои се истите методи кои претходно ги применуваа на територија на Македонија во селата Стровја, Манастирец, Слепче, Долгаец и во поречкиот и прилепскиот крај. Воглавно во денови на празници обележани со црвени букви. Анте Павелиќ бил адвокат на вмровските крвопии, и нивните монструозни кољачки методи очигледно, од нив ги дознал и ги доусовршил. Во Долгаец, на пример, според сведоштвата на преживеаните, се уште неродени деца се вадени од утробите на мајките и обесувани на дрва…“ – вели новиот директор на Управата за развој и унапредување на образовението на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станиќ во своето истражување „’Препишани’ злосторства Пребиловци-Долгаец“.

Милутин Станчић: “Преписани“ злочини Пребиловци-Долгаец

Ваквата одлука на владата доаѓа на ден пред државниот празник „Ден на револуционерната борба“ со кој се чествува токму поменот на револуционерите на организацијата на Внатрешната македонодринска револуционерна организација – ВМРО.

Станчиќ е и кум на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, кој минатиот викенд се ожени на Косово, изигрувајќи ги Македонските протоколи со кој се ограничуваат ваков тип на домашни прослави поради коронавирусот.

Според информациите на „Инфомакс“ пак, Станчиќ има и врски со информативните безбедносни служби на Р.Србија но и со црквата на Вранишковски.

 

 

 

Latest News

Царовска: Ниe имaмe oбвpcкa дa им cлyжимe нa гpaѓaнитe штo нe избpaa

Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори...

More Articles Like This