МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СО РЕЗОЛУЦИЈА: Македонските политичари прогласени за „персона нон грата“ од Македонската заедница во Австралија!

  • March 4, 2018

На семакедонските протести кои вчера беа организирани од Македонската дијаспора во Австралија, беше прочитана резолуција во седум точки, со која беа испорачани барањата од протестите, а за „персона нон грата“ од страна на дијаспората беше прогласен Зоран Заев

 

Резолуцијата на „Обединети Македонски организации од Западна Австралија“ која вчера беше прочитана на протестите во Сиднеј, Мелбурн, Перт и Бризбејн составена во седум точки, ги прогласи сите политичари кои ќе се дрзнат да преговараат за името за „пресона нон грата“ во Австралија, во која се додава дека , Македонската заедница нема да прифати ниту еден дипломатски претставник од Македонија во Австралија кој ќе ја претставува земјата со било каква додавка или придавка кон името Р.Македонија.

Во резолуцијата беа поставени и седум барања на Македонската заедница во дијаспората, меѓу кои и итен прекин на преговорите за името, прекинување на преговорите и договорите за добрососедски односи со земјите од нашето опкружување како и итно повлекување на законот за двојазичност.

Преку 60.000 Македонци на протестите низ Австралија побараа и итно ослободување на притворените патриоти, како и итен прекин на притисокот кој се врши врз МПЦ – ОА категорично одбивајќи да прифатат БПЦ да биде мајка црква на, како што велат, апостолската Македонска Православна Црква.

 

 

Претходно «
Следно »