(ВИДЕО)МАКЕДОНСКАТА ФОЛКЕРКА СУЗАНА ГАВАЗОВА ПРЕД И ПОСЛЕ НАСТАП: „Опасна сум жена, опасна за око…“!

  • January 16, 2019

Пред, за време и по Нова Година е периодот кога естрадата ја прави својата таканаречена „зимска жетва“! Најпрвин бројни ТВ снимања и гостувања во предновогодишните и новогодишните емисии по разни ТВ куќи и продукции, а потоа серија настапи.

Кафеани, кафулиња, клубови, дискотеки, приватни забави, прослави… Од Свети Никола до Василица…

Сузана Гавазова е една од најатрактивните македонски фолкерки, а со тоа и од најбараните. Заедно со уште една-две свои колешки одовде тргна во поход на Белград за да ја „покори“ српската естрада. Екипата нивна, гостувањата на во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк… кај нив, ама тезгите се’ уште дома, кај нас и по некоја во дијаспората… Барем сега за сега!

А, Сузето од она што го знаеме до сега, а и што може да се види отсега е „опасна жена“… „Опасна за око“ и пред настап и на сцена, а можеш да замислиш каква е после настап? Тоа го знае само оној што го знае… Но, затоа пак, нашата Сузе покажа за сите да знаат, колку е „опасно секси“ и кога се подготвува за настап.

Мини видеоклипче на кое сексапилната струмичанка во концертен фустан со деколте до папок и шлиц до колк се врцка, танцува, меша… Предизвикува и повикува: „Опасна сум жена, опасна за око…“!

И навистина е опсна… особено за они со слабо срце! Иако Гавазова само сакаше да покаже како се подготвува за настап, во гардеробата и бекстејџот.

А, за тоа каква жена е, колку и за што се’ е опасна после настап…? Ќе почекаме да покаже во некоја друга прилика!

Претходно «
Следно »