МАКЕДОНСКИОТ МЕЃУ НАЈСТАРИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СВЕТОТ: Македонскиот во 10-те најстари јазици на светот заедно со Хебрејскиот

  • February 3, 2018

Еволуцијата на јазиците е слична со биолошката еволуција. Таа се случува секојдневно, постојано. Многу стари јазици кои постоеле, постепено целосно изумреле, а сосем нови се појавиле. Сепак, одредени многу стари јазици, сеуште се говорат и денес, секако во еволуирана и модерна форма.

Магазинот TheCultureTrip направи листа со 10 стари јазици, кои сеуште се говорат и денес. Секако и овие јазици се имаат променето до одредена мера, и имаат еволуирано. Овие 10 јазици, се релативно доста стари, но сеуште активно се користат и денес. Тоа ги прави до одредена мера посебни. Меѓу нив спаѓа и македонскиот јазик или поточно старословенскиот, за кој се смета дека најсроден јазик од сите модерни словенски јазици е токму македонскиот.

Во оваа листа на најстари јазици наведени се следниве јазици:

1) Хебрејскиот (еврејскиот) јазик – денес се зборува во Израел;

2) Тамилскиот – се зборува во Шри Ланка;

3) Литванскиот – немојте да се изненадите, Литванскиот е еден од најстарите јазици во светот;

4) Фарси – ова е предокот на персискиот јазик кој денес се зборува во Иран, делови на Абганистан и Таџикистан;

5) Исландски јазик;

6) Македонски јазик – се смета за најблизок (заедно со Бугарскиот) до старословенскиот јазик, кој е предок на сите Словенски јазици. Имено, старословенските просветители Кирил и Методиј, кој поттекнуваат од Солун, го стандардизираат старословенскиот јазик и создаваат таканаречен црковнословенски јазик, за кој ја создаваат и глаголицата (првата словенска азбука). Подоцна тие одат на север каде, токму со тоа писмо го шират христијанството;

7) Баскијски јазик – се зборува во регион во Шпанија;

8) Фински јазик;

9) Грузијски јазик;

10) Гаелски јазик – го говори малцинсво во денешна Ирска.

Претходно «
Следно »