Македонскиот фудбалер доби уште една ќеркичка

Поврзано

Уaпceн поранешниот претседател на ФК Барселона заедно со уште неколку негови соработници

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е приведен денеска на стадионот „Камп Ноу“.Покрај него, полицијатa ги...

(Видео+фото) Тајгер Вудс тешко повpeдeн во стрaшнa сообраќајна нecреќа, едвај бил извлечен од возилото

Тој се здобил со повеќекратни повреди на нозете и од yништениот автомобил бил извлечен со помош на противпожарните служби...

(Видео) Убедливо нajлoшo извeдeн пeнaл нa cитe вpeмињa

Фудбалер од Аргентина, секако тотално непознат, Гонзало Коронел, сега е во центарот на вниманието, тој го изведе најчудниот пенал...
- Advertisement -

А има ли подобра и поубава вест, отколку тоа да станеш родител. Влатко стана татко… и тоа по втор пат. Штркот нему и на неговата убава сопруга, некогашната манекенка Христина Мицевска – Грозданоска им донесе уште едно дете. Уште една ќеркичка, уште една преубава принцеза покрај онаа првата, Мила, која ја добија пред неполни две години.

Радосната вест прв ја обзнани фудбалерот на социјалните мрежи, на Фејсбук и своите Инстаграм приказни.

„Денес, 18-ти ноември 2020 по втор пат станав татко. Мојата сопруга Христина Мицевска Грозданоска на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко“ – беа зборовите со кои Влатко откако одново стана статко и посака добредојде на овој свет на својата втора  ќерка, пресреќен што двете сестрички ќе растат заедно.

Раѓањето на своето второ чедо не пропушти да го обзнани ни мама Христина, која се огласи преку својот и Фејсбук профилот на својот сопруг:

„Денес станавме побогати со уште еден член во нашето семејство .Ни се роди нашата втора гордост, нашата ќерка Ива. Пресреќна сум и благодарна на Бога што ни подари ваква среќа и радост во животот. Да ни бидеш жива и здрава ќерко моја да ми те пратат само убавини во животот, да ни бидеш најсреќна, а ќе бидеш најсакана од мама, тато и твојата дада Мила“ – сподели пресреќната манекенка, сега мајка на две преубави малечки принцези, пред која сега се двојно зголемени мајчинските обврски, а на ред е веројатно и… втора тетоважа?

Бројни честитки стигнуват од сите страни. Најблиските, роднините,другарите, пријателите, колегите… Безброј посакани убавини на едно место, најчесто лично, но и преку социјалните мрежи заради задолжителната „социјална дистанца“!

Инаку, Влатко Грозданоски стана татко за прв пат пред речиси две години кога неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила.

„Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила“ – обзнани тогаш фудбалерот на социјалните мрежи.

Инаку, со Христина се венчаа во 2016 година, а претходно беа долги години во врска.

Кум на Грозданоски е неговиот колега од теренот, некогашниот фудбалер и репрезентативец, сега фудбалски тренер Александар Васовски, кој и ја крштеваше малата Мила.

На Влатко Грозданоски и неговата сопруга Христина, нека им е со среќа приновата во семејството!

Latest News

Битолските гинеколози kaзнети само со намалување на платата, од денес се враќаат на работа

По скандалот со извршен царски рез во битолската болница, од страна на лекар без лиценца, спроведена е дисциплинска постапка...

More Articles Like This