МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПОЗИТИВНИ НА КOРOНAВИРУC: Судбината на првенството е во paцeтe на Институтот за јавно здравје

Поврзано

Гласањето на бoлнитe во шест општини од Југоистокот се одвива без пpoблeми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето...

Прва прес-конференција на ДИК за денешното гласање на бoлнитe, нeмoќнитe лицa и зaтвоpeницитe

Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за...

Десетти парламентарни избори, петти предвремени

Граѓаните на Македонија на 15 јули по 10-ти пат од осамостојувањето на државата ќе избираат пратеници во Собранието. Предвремените...
- Advertisement -

Македонскиот фудбал денеска ги доби првите шестмина позитивни на коронавирус. Четири лица доаѓаат од Ренова, додека двајца од Шкендија по тестирањето направено со помош на Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Изминатата недела сите фудбалски клубови почнаа со тренинзи откако Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за продолжување на сезоната и усвои медицински протокол.

Овие шест позитивни случаи го загрозуваат рестартот на првенството. Фудбалската федерација на Македонија чека на Институтот за јавно здравје, кој треба да реши дали ќе бидат изолирани само позитивните лица или целите тимови ќе одат во карантин. Прво треба да бидат направени втори тестови за да се потврдат случаите и да бидат направени епидемиолошки анкети на позитивните лица за да утврди со кого биле во контакт изминатиот период.

Шансата за проширување на вирусот е голема, бидејќи фудбалерите биле во меѓусебен контакт за време на тренинзите, а во Шкендија дури и тренираа екипно.

Доколку Институтот за јавно здравје одлучи сите играчи на Ренова и Шкендија треба да одат во изолација поради опасност од ширење на вирусот, тогаш јасно е дека продолжување на сезоната е речиси невозможна мисија. Судбината на првенството е во рацете на оваа институција која ќе го има последниот збор.

Претходно се тестираа и екипите на Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев, Борец и Работнички, но без ниту еден позитивен случај на Ковид-19.

Latest News

Teлoтo го зaвиткaл во вреќи и ќебе, па го фpлил – Кpивичнa за скопјанец кој ја y6ил партнерката

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје,...

Гласањето на бoлнитe во шест општини од Југоистокот се одвива без пpoблeми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и...

Се празнуваат големите господови лекари Св. Козма и Дамјан

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански...

Прва прес-конференција на ДИК за денешното гласање на бoлнитe, нeмoќнитe лицa и зaтвоpeницитe

Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето...

Водовод со апел до скопјани – Водата користете ја разумно и рационално

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање...

More Articles Like This