МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, СТАНА ЈАЗИК ОД ВТОР РЕД: Доколку се обрати граѓанин на државата на јазик различен од македонскиот, веродостојно ќе биде обраќањето на граѓанинот!

  • February 28, 2019

Од генералниот секретаријат беше лиферувано соопштение од Меѓуресорската работна група за спроведување за употреба на јазиците во кое јасно е нагласено како институциите на државата треба да го применуваат Законот за употреба на јазиците при што станува јасно дека обрасците кои треба да ги издаваат институциите треба да бидат на двата јазици и на целата територија на државата.

Во една од точките нагласено е дека доколку се обраќа граѓанин на државата на јазик различен од македонскиот, за веродостојно ќе се смета обраќањето на граѓанинот, бидејќи изворно обраќањето на граѓанинот е на неговиот мајчин јазик.

Во продолжение во целост Ви го пренесуваме соопштението од Генералниот секретаријат:

Со цел полесна примена на одредбите на Законот за употреба на јазиците, Меѓуресорска работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците, на својот трети состанок, одржан на 25.02.2019 година, ги даде следните насоки кои инстутициите треба да ги имаат во предвид при имплементацијата на Законот за употреба на јазиците:

1. При двојазична комуникација и меморандумот треба да е двојазичен, односно доколу барањето е двојазично и одговорот да биде двојазичен.

2. Во однос на преводот на документите, при обраќањето на државните институции, веродостојна е македонската верзија, односно во случај на несовпаѓање на македонската и албанската верзија, за веродостојна ќе се смета македонската верзија.

3. Доколку се обраќа граѓанин на Република Северна Македонија на јазик различен од македонскиот, за веродостојно ќе се смета обраќањето на граѓанинот, бидејќи изворно обраќањето на граѓанинот е на неговиот мајчин јазик.

4. При двојазичното обраќање да има фуснота каде ќе стои „Ве молиме одговорот да го дадете на македонски јазик и на јазикот на кој е побарано’’.

Претходно «
Следно »