МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ СЕ НЕПИСМЕНИ: Не ја знаат ниту азбуката, а се запишуваат на факултет

Поврзано

Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот...

Избран ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според...

Скандалозна постапка за избор на ректор на УКИМ

Во последните денови, јавноста е сведок на скандалозна постапка за избор на ректор на најреномираниот универзитет во Македонија, Универзитетот...
- Advertisement -

Учениците во Македонија стагнираат во постигнувањата на меѓународни тестирања, а над половина од нив не ги развиваат основните компетенции кои им се потребни за успех во животот по завршување на нивното образование. Ова се дел од заклучоците во нацрт-извештајот на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) за состојбите во основното и средното образование.

По направеното минатогодишно истражување, овие заклучоци би требало да станат дел од законите за образование. Хана Кичен од ОЕЦД смета дека земјава има добри планови на хартија, но тие треба да се операционализираат.

„Сè поголем број ученици се запишуваат и остануваат во формалното образование, што е позитивен аспкет, но присуството на училиште не се одразува во резултатите од учењето. Особено споредено со меѓународните тестирања, гледаме дека сè уште ги нема очекуваните резултати“, рече Кичен.

Резултатите на македонските ученици на ПИСА-тестирањата покажуваат стагнација, немање основни компетенции во математика, природни науки и читање. На меѓународно ниво истражувањата покажуваат дека најважниот фактор за квалитетни резултати е всушност квалитетната настава што помага во обликување на знаењата на учениците.

Треба да се јакнат стручните компетенции каде важна улогата имаат наставниците, се вели во заклучоците од ова истражување затоа што „наставата од висок квалитет е најважниот фактор за учењето“.

„Треба да се навратиме дали наставничката професија се вреднува и дали ја добива соодветната поддршка за да имаме висококвалификувани и обучени наставници. Во земјите на ОЕЦД, клучна улога за оценувањето и евалуацијата имаат институции како Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и тие треба да имаат ресурси и стручни компетенции“, рече Кичен.

Ова истражување покажа дека дел од студентите не знаат да ги напишат буквите „ѕ“ и „џ“. Ова е пораз за сите, вели професорот Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

„Овој пораз е резултат на тоа што образовниот систем не се заснова на стандарди. Политиката во изминативе 20 години нема визија за воспитно-образовниот систем и тоа, за жaл, не им пречи и имаме секојдневно потонување во импровизации и волунтаризам. Сите многу добро знаеме дека никој не е задоволен од воспитно-образовниот систем, не се задоволни ниту наставниците, ниту родителите, ниту општеството, а најголемиот пpоблем е што системот создава генерации што не можат да се снајдат во животот. Денес во светот постојат многу примери за тоа што ги прави образовните системи успешни и кои се патиштата за создавање висококвалитетни образовни институции. На овие прашања многу држави веќе одамна имаат добар одговор. Најдобрата вест е дека денес има квалитетно знаење како да се подобри квалитетот во образованието. Најлошата е што политичарите можат да загубат на избори за прашања поврзани со образованието, но не можат да ги добијат изборите за образованието бидејќи резултатите ќе се видат многу подолго од нивното просечно владеење и нивниот поглед од жабјата перспектива“, вели Барбареев.

Сè додека учениците учат само да добијат оценки, а не знаење, ќе постигнуваат слаби резултати, смета професорот Људмил Спасов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дел од студентите што се запишани на факултет, вели тој, не ја знаат азбуката.

„Дел од студентите треба на табла да напишат реченица, збор или буква, прават гpeшки. Не знаат да ги напишат буквите што поретко се употребуваат, како ‘ѕ’ и ‘џ’. Ги пишуваат погpешно и одговараат дека тие така си ги пишуваат. Наидуваме на сeриозен пропуст кој е направен од почетните одделенија и се провлекува до крај. Не дека е лошо што се спроведуваат нови програми туку треба да се приспособат кон оваа култура“, рече Спасов.

Latest News

Груевски за ФАЦ: Не се враќам во политиката

Поранешниот премиер во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг,говори за делата што му се ставаат на товар...

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски...

Денеска гласаат 3apa3eните со Koвид-19 и лицата кои се во caмоизолација

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе денеска во рамки...

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден од заболените е доста тешка....

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

More Articles Like This