May 16, 2021, 8:46 am

Македонски дpжaвjaнин ocyдeн и бapaн co пoтepницa yaпceн во Ќустендил

Поврзано

- Advertisement -

Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на Е.Н. (52) државјанин на Македонија кој е во постапка за екстрадиција, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Македонија.

-Тој е осуден од Основниот суд во Скопје на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил БМВ, стои во соопштението.

До екстрадицијата во Македонија Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.

Latest News

СДCM на Конгрес бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

СДСМ на онлајн Конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор. По Конгресот следуваат состаноците на кои...

More Articles Like This