December 9, 2021, 12:15 pm

Македонски кaмиoнџиja тpeбa дa плaти 14.000 eвpa зoштo ce излизгaл нa aвтoпaт вo Словенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметка од 14.000 евра треба да плати неготинската компанија Емса Шпед чиј што камион се излизгал на автопат во Словенија. Коловозот бил неисчистен по што камионот го блокирал сообраќајот цели 6 часа.

Компанијата „Жонта“, ангажирана од ДАРС, словенечката државна компанија задолжена за одржување на автопатите, испратила фактура на неготинската компанија „Емса Шпед“, чиј што е камионот во износ од 14 илјади евра за седум часа влечење на камионот со специјално возило, пет часа работа со кран, транспорт на оштетени делови, лежарина, паркинг и слично.

Неготинската компанија ангажирала компанија од Целје да ги застапува, која смета дека „Жонта“ неправедно прикажала толку големи трошоци и испратила писмо и до македонската амбасада во Љубљана.

Од „Жонта“ за „Сиол“ изјавиле дека во тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата.

Latest News

Камион и автомобил се запалија во Куманово – ова се деталите

Кумановските пожарникари вчера гаснеле пожари на две возила, камион и на патничко моторно возило, информираа денеска од Регионалниот центар...

More Articles Like This