September 29, 2020, 8:57 pm

МАКЕДОНСКИ НАУЧНИК ДЕЛ ОД НОВО АСТРОНОМСКО ОТКРИТИЕ: Тања Петрушевска дел од тимот астрофизичари кои за прв пат открија експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда

Поврзано

Најмалите на удap на Koвид-19: Градинките недоволно заштитени

Десетици заразаени деца и вработени по градинки за повеќе од две недели, а министерката за труд и социјална политика...

Денес прв пробен час за учениците во 10 часот, ќе издржи ли Платформата?

Денеска во 10 часот Националната платформа за учење на далечина ќе треба да го помине првиот тест со вклучување...

Царовска ќе посети неколку основни училишта во Гази Баба

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и претседателот на СОНК Јаким...
- Advertisement -

Астрофизичарите за прв пат најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија, а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи Македонката др. Тања Петрушевска, информира Скопското астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено денеска во престижното списание „Science“.

Постои една класа на експлозии на супернови која што е резултат на колабирање на масивни ѕвезди што изгубиле дел или целата надворешена обвивка на водород и хелиум. Поради тоа тие се наречени ултра-лишени супернови. Губењето на надворешната обвивка на овие ѕвезди може да биде предизвикано од силен ѕвезден ветер или од друга ѕвезда во непосредна близина. Се смета дека повеќето масивни ѕвезди се родени во бинарни системи.

Кога две ѕвезди се наоѓаат многу блиску, материјалот од едната може да прејде кон другата ѕвезда. Кога масивна ѕвезда има компактен објект за придружник, таа може да изгуби толку многу материја, што комплетно ќе ги тргне нејзините надворешни слоеви, оставајќи ја со голо метално јадро. Ако ова јадро е доволно масивно, ќе колабира во слаба експлозија на супернова и при тоа ќе исфрли малку материја. После ова експлозија остануваат две неутронски ѕвезди кои орбитираат блиску една до друга.

– Нашата група на Универзитетот во Нова Горица се спрема за Large Synoptic Survey Telescope, кој со работа треба да започне во 2021 година со траење од десет години. Тоа ќе биде 8.4-метарски телескоп во Чиле и ќе ја има најголемата дигитална камера што некогаш била направена, значи ќе откриваме и следиме експлозии на небото како никогаш порано, истакна Петрушевска

Latest News

Балканот-шведска маса: Албанците присвојуваат сè што сакаат – од Обилиќ до Лешница

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук ги претстави природните убавини на Македонија - Кањонот Лесница, како дел од Албанија...

Порошенко позитивен на кopoнавирус

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се зapазил со koронавирус, пренесоа британските медиуми. Поради инфekцијата, наведува Порошенко на Фејсбук, тој...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болeн,...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта на секојдневни нaпaди е тоа...

Мицкоски до Лупевска: Пpoблемот е што наместо да збориме за дебAkлот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ зaгуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што е клучно во државата е...

More Articles Like This