October 28, 2021, 6:44 am

Македонски фолклор во најдолгото оро за Гинис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола, како учесници на Фолклоријадата во УфA, Русија, беа дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот.
КУД Илинден

2.700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа дел од ова оро. Со овие бројки на учесници беа срушени два гинисови рекорди. Едниот рекорд е по број на националности кои играа на орото, а другиот по број на држави. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57 зашто се приклучија и туристи од други држави кои го следеа фестивалот.
КУД Илинден КУД Илинден

КУД „Илинден“ имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена на оваа светска Фолклоријада, шеста по ред која годинава се одржува во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои скоро седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This