МАКЕДОНЦИТЕ ГО ОСВОЈУВААТ И ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Валенсија заинтересирана за Столе Димитриевски!

  • February 19, 2019
  • Коментари

Шпанскиот прволигаш Валенсија покажал интерес за голманот на македонската репрезентација и Рајо Валјекано, Столе Димитриевски, пишуваат шпанските медиуми. Димитриевски е стандарден на голот на Рајо од декември минатата година, а со него на голот тимот има четири победи, едно реми и пет порази. Рајо до крајот на сезоната ќе води голема борба за опстанок во лигата.

Скаути на Валенсија го следеле Димитриевски на натпреварот против Леганес на 4 февруари. Во Валенсија биле задоволни од она што го виделе иако Рајо го загуби тој меч (1-2).

Според шпанските медиуми, Димитривски, кој има договор со Рајо уште три и пол години, би можел да замине за сума од пет милиони евра.

Димитриевски е поранешен голман на Работнички, Удинезе, Гранада и Настик Тарагона, откаде за сума од еден милион евра пристигна на „Валјехас“.

Претходно «
Следно »