МАКЕДОНЦИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: Дијаспората ќе протестира пред седиштето на ОН на 24. март

  • March 17, 2018

Во организација на Македонското движењето за човекови права од Њујорк и Њу Џерси, а во координација и со согласност на македонските православни црковни општини “Свети Кирил и Методиј“ и “Свети Никола“ од Њу Џерси, “Свети Климент Охридски“ од Њујорк, “Свети Наум Охридски“ од Филаделфија, Македонското друштво од Њујорк и други македонски организации и друштва, на 24 март 2018 година од 12 до 15 часот попладне, се организира масовен Семакедонски мирен протест “Македонска пролет“ на Dag Hammerskjold Plaza пред седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Организаторите на протестот повикуваат на масовен одзив на Македонците во САД, со цел одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на нацијата – Македонскиот јазик, култура, историја и Црква.

За учесниците на протестот е обезбеден бесплатен автобуски превоз од Њу Џерси до Њујорк. Резервации се вршат кај Тони Коцевски (973) 703-0105, Бошко Стоевски (201) 456-3940, Боге Ристевски (973) 943-6702, Ѓорѓи Ангелевски (732) 421-3500, Љупчо Поповски (917) 370-1176 и Власе Затуровски (201) 969-7914.

Поаѓањето е од црквата “Свети Кирил и Mетодиј“, 1050 Pompton Ave, Cedar Grove, NJ, во 10:30 часот наутро, на 24-ти Март 2018.

Претходно «
Следно »