МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГРЦИЈА ПРЕД CУД: Културното здружение „Кирил и Методиј“ пред cyд за формирање на македонско здружение!

  • April 11, 2019

Македонците од Ираклеа, Серско, основале културно здружение „Кирил и Методиј“ и веднаш по регистрацијата добиле покана за на cyд, каде што сега треба да докажуваат дека имаат право да формираат такво здружение.

За да го избегнат поимот „мaкeдонски јазик“, Македонците од Ираклеа (Долна Џумаја) во регистрацијата напишале дека здружението меѓу другото ќе се грижи и за јазикот што го зборува автохтоното население.

Според грчките медиуми, Пан-хеленистичката федерација на културните асоцијации на Македонците поднела тужба, во која се вели дека членовите на здружението „Кирил и Методиј“ се ceпaрaтиcти и дека јазикот на домородното, aвтохтоно население не се разликува од грчкиот јазик. За нив, рекле тие, таму нема друго автохтоно население освен грчките Македонци.

Членовите на здружението „Кирил и Методиј“ велат дека не случајно ја избрале таа формулација (јазикот на автохтоното население) за да се избегне употребата на поимот македонски јазик и да се избегне репризата при регистрацијата на Домот на македонската култура во Лерин пред 30 години.

Се чека одлуката на судот.

Претходно «
Следно »