October 20, 2021, 9:01 pm

Макрон и Путин разговараа телефонски за решавање на „жeшките“ прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон планираат да ги подобрат односите на Русија и Европа, објави Кремљ по телефонскиот разговор на двајцата лидери.

Дејствувањето на решавање на жешките прашања, како сајбербезбедноста, борбата против глобалниот тероризам и заштитата на животната средина би можеле да доведат до, како што наведе Кремљ, „нормален дијалог“ и меѓусебно почитување.

Околу конфликтот на истокот на Украина двајцата лидери кажаа дека се спремни на понатамошни разговори за спроведувањето на мировниот план од Минск од 2015 година.

Москва за досегашните кршења на примирјето го обвинува Киев.

Односите на ЕУ и Русија се влошени не само поради источна Украина туку и поради, меѓу другото, постапувањето на руските власти со опозиционерот Алексеј Навални, Белорусија во која поради спорните претседателски избори речиси година дена траат протести и наводното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во Британија.

Latest News

Нови пpoблеми за Владата, им се зakaнува граѓанска непocлушност

Сопствениците на ноќни клубови во земјава вечерва од состанокот во Штип најавија граѓанска непослушност и дека доколку Владата остане...

More Articles Like This